Организацијата на потрошувачи на Македонија за ваши потреби и полесно разбирање на новиот Закон за домување испечати „Водич за управување со станбени згради“. На страна 5 од водичот пишува дека договорот за заемни односи треба да биде потпишан од сите сопственици на посебните делови. Сакаме да напоменеме дека согласно член 104 од Законот за сопственост и други стварни права, точно е дека договорот за заемни односи мора да биде составен во писмена форма и потпишан од сите сопственици на посебните делови на зградата. Договорот што не е составен во писмена форма нема правно дејство. Меѓутоа, договорот што го склучиле повеќе од половината на сопственици на посебните делови од зградата, задолжително се применува и на другите сосопственици на посебните делови од таа зграда, доколку во рок од 30 дена договорот не биде оспорен.
