Home / Новости / Како се подготвувате за крајот на поддршката за Windows 10 на вашите уреди?

Како се подготвувате за крајот на поддршката за Windows 10 на вашите уреди?

Ако сè уште користите постара верзија на главниот оперативен систем за персонални компјутери,  треба да знаете дека почнувајќи од 14 октомври Microsoft ќе престане да ја поддржува постарата верзија на системот. Што треба да знаете и како треба да се подготвите за оваа промена? Имате неколку опции, коишто се објаснети во текстот подолу.

Windows 10 беше пуштен во продажба пред десетина години, но и покрај значителните напори на Microsoft да ги убеди потрошувачите да го надградат со Windows 11 (објавен во 2021 година), се уште  Windows 10 може да се најде на повеќе од 40% од компјутерите.

Постојат неколку причини за ова:

  • Постарите компјутери купени со Windows 7 или 8 и подоцна надградени на Windows 10 најверојатно не поддржуваат понатамошни надградби.
  • Во многу случаеви, причината е попрактична: постоечкиот хардвер се уште ги задоволува сите потреби на корисникот и работи без проблеми. Од таа причина се поставува легитимно прашање кај корисниците – зошто да трошат пари на нешто што навистина не им треба.
  • Крајот на поддршката значи дека нема повеќе безбедносни надградби, правејќи ги компјутерите со постари системи поранливи на сајбер напади.

    Зошто ви е потребна безбедносна поддршка?

По завршувањето на поддршката компјутерот нема да престане да работи, па се додека хардверот функционира, системот исто така ќе функционира,  а  Microsoft едноставно ќе престане да обезбедува поправка за новооткриени грешки во кодот, коишто често може да се јават при користење на компјутерот.

Хакерите најчесто претпочитаат да напаѓаат незаштитени компјутери, па доколку имате таков уред дома за лична употреба или службен компјутер наменет за работа, ова го зголемува вкупниот ризик од можен хакерски напад.

Исто така со текот на времето, некои функции и програми со Windows 10  ќе престанат да работат, па од таа гледна точка, препорачливо е надградбата или купувањето на нов компјутер.

Постојат  пет главни опции коишто може да ги изберете:

  1. Надградете го вашиот компјутер на новата верзија

Ако вашиот компјутер ги исполнува минималните барања (кои можете да ги проверите со алатката за проверка на состојбата на компјутерот ), сега е време да престанете да ја одложувате надградбата. Ако не за безбедност, тогаш затоа што во многу случаи надградбата од Windows 10 на Windows 11 е бесплатна.

Стравот од нов интерфејс е неоснован – Windows 11 е речиси идентичен со Windows 10. Разликите се минимални, и уште поважно, системот е поедноставен за полесна употреба и подобрување на перформансите и ефикасноста. Повеќето грешки од првичното издание се веќе поправени.

  1. Искористите ја можноста за да купите нов компјутер

Крајот на поддршката често е добра причина конечно да се заменат старите компјутери. Изборот на вистинскиот компјутер согласно вашите потреби во однос на перформансите и цената не е секогаш лесен. Па оттука секогаш  имајте ги во предвид следниве перформанси: 8 GB RAM меморија (по можност 16 GB), 256 GB SSD складирање, Процесор како Intel Core 5, Snapdragon X, или AMD Ryzen AI (или подобро).

Постарите процесори како Intel i5 или Ryzen 5 се уште ќе ги извршуваат повеќето програми добро, освен оние кои вклучуваат ВИ на уредот. Дури и ако не ви е потребно тоа сега, сепак предност е да ги разгледате опциите.

  1. Инсталирајте друг оперативен систем

Одржливоста е важна, па затоа не треба само да ги фрлате старите уреди, особено доколку хардверот сè уште работи., туку можете да: го донирате компјутерот на организација која ќе го среди и обнови и да го даде на оние на кој им е најпотребен, потоа можете да инсталирате Chrome OS Flex или пак да го продадете.

Chrome оперативниот систем на Google е базиран на веб сервиси и работи добро на постар хардвер. Ако ви е прилагодливо да го користите Google Docs и не ви смета да ја напуштите Microsoft Office средината, Chrome OS е одличен начин да го продолжите животот на вашиот уред  и тоа е бесплатно. Но Chrome не е вашата единствена опција. Ако сè уште претпочитате традиционален оперативен систем кој работи офлајн, размислете за Ubuntu, кој исто така работи добро на постари системи и не бара толку  ресурси како Windows.

  1. Надградба на компонентите на вашиот десктоп компјутер за поддршка на Windows 11

Ако користите десктоп компјутер наместо лаптоп, можеби ќе бидете во можност да ги надградите неговите компоненти за да ги исполни минималните барања за Windows 11. Еден клучен услов е TPM 2.0 чип за подобрена безбедност, обично се наоѓа во системите изградени во последните пет години. Но сепак имајте на ум дека надградбата не е секогаш лесна, бидјеќи замената на процесорот често исто така значи замена на матичната плоча – а можеби дури и на RAM модулите.

Па затоа внимателно размислете што е поисплатливо за вас дали надградба на компоненти или купување на нов десктоп компјутер.

Доколку  не сте запознаени со начинот на надградбите на компјутерот, најдобро е тоа да го оставите  на професионалците.

  1. 5. Продолжување на лиценцата за една година пред надградба (платено решение)

Ако за крајот на поддршката на Windows 10 се уште не сте спремни и ви е потребно  повеќе време, можете да се регистрирате за едногодишно продолжување преку програмата  на Microsoft.

Но, сепак треба да имате на ум дека  програмата не е бесплатна и главно е наменета за бизнис клиенти на кои им треба дополнително време за миграција.

Но исто така постои шанса да не се бара плаќање ако ги прават резервните копии на Microsoft OneDrive или користат Microsoft Rewards поени. Сепак, домашните корисници нема да имаат многу корист од ова.

Кои се ризиците ако продолжите да го користите Windows 10?

Постои можност да одлучите да продолжите да го користите Windows 10 на ваш сопствен ризик сè додека истиот  работи.  Доколку се одлучите на оваа опција ви препорачуваме:

  • Да правите редовни и навремени резервни копии на системот и податоците и
  • Да практикувате строга онлајн безбедносна хигиена, односно да превземате чекори за да ја подобрите својата онлајн безбедност и да го одржувате системот.

Ако се случи сајбер напад на вашиот уред, можеби ќе бидете во можност да го вратите компјутерот без големи загуби, но сепак порано или подоцна, ќе дојде време кога сепак нема да можете да избегнете надградба на Windows 11.