Mile21

Проектот MILE21 – „Повеќе информации помалку емисии – зајакнување на потрошувачите за позелен 21 век“ – ќе им обезбеди на потрошувачите реални податоци за потрошувачката на гориво на патничките автомобили, помагајќи им да донесат добро информирани одлуки за купување на поефикасни возила. Благодарение на платформата MILE21 , потрошувачите ќе имаат можност да ги бараат и споредуваат реалните вредности на потрошувачката на гориво и поврзаните емисии за широк спектар на модели на автомобили продадени во ЕУ. Платформата исто така ќе им овозможи на корисниците да водат сметка за сопствената потрошувачка на гориво. Заради директната вклученост на потрошувачите, како и тестирањата на возила извршени на патот, MILE21 исто така ќе придонесе за собирање на робусни податоци за набљудување од големи размери. Овие податоци се користат за следење на преостанатите празнини помеѓу вредностите на потрошувачката на гориво/емисиите на СО2 одобрени од типот WLTP и реалните вредности искусени од потрошувачите на патот.

MILE21 ќе:

а) обезбеди детални информации за потрошувачката на гориво на автомобилите и емисиите од издувната цевка, европските стандарди за емисии и официјалните процедури за тестирирање како што се WLTP (процедура за тестирање на лесни возила хармонизирана во светски рамки) и RDE (реални емисии при возење).

б) развие алатка за споредување на реалните вредности на потрошувачката на гориво (вклучително и податоци пријавени од потрошувачи) на нови и постари модели на автомобили продадени во ЕУ. Оваа алатка ќе се заснова на податоци одобрени според типот на возилото, квантитативни модели и податоци за потрошувачка на гориво од големи размери, добиени од уредите за мерење на возилата.

в) обезбеди алатка на возачите за следење на потрошувачката на гориво во нивните автомобили и ќе ги охрабри, нивните реални податоци да ги направат расположиви за јавноста. Со тоа, MILE21 ќе поддржи доброволен придонес во собирањето на реални податоци за потрошувачката на гориво.

MILE21 е проект кофинансиран од програмата LIFE+ на Европската унија, број на договор: LIFE17 GIC / GR / 000128.