Во рамки на проектот „Партнерство меѓу граѓанското општество и деловниот сектор – развивање иновативен модел за мобилизација на финансиски средства“, Организацијата на потрошувачите на Македонија, Здружението на бизниси и консултанти – Креација од Скопје и Асоцијацијата за развојни иницијативи – Зенит од Скопје организираа тродневна обука во Охрид за 11 граѓански организации – грантисти во проектот . Со ова се означи почетокот на имплементацијата на 11 нови проекти на граѓански организации во доменот на потрошувачките права и општествена одговорност на претпријатијата. Повеќе за проектот можете да прочитате тука, додека пак активностите на граѓанските организации можете да ги следите преку фејсбук страницата „Фер со потрошувачот“.
ОПМ Организација на потрошувачите на Македонија









































