Home / Новости / Известувања / ОПМ – Народен правобранител – ЕВН

ОПМ – Народен правобранител – ЕВН

Почитувани потрошувачи !

Организација на потрошувачите на Македонија поднесе иницијатива до Народниот правобранител за спогодбено обештетување на потрошувачите на кои од страна на ЕВН Електростопанство на Македонија АД Скопје, во периодот од 25.01.2005 до 28.02.2008 година во месечните сметки им наплатувал износ од 6 денари на име манипулативен трошик.

Имено Врховниот суд на Р.Македонија поднесе Пресуда УЖП бр.247/2010 на ден 06.09.2010 година со која конечно го потврди решението на Комисијата за заштита на конкуренција Скопје бр.07/51/1 од 26.01.2009 година.

ЕВН Електростопанство на Македонија АД Скопје, во период од 25.01.2005 година до 28.02.2008 година, ја злоупотребил доминантната позиција на релевантниот пазар на начин што на тарифните потрошувачи на мало, во месечната сметка за потрошена електрична енергија им пресметувал и наплатувал манипулативен трошок од 6 денари, што претставува наметнување на нефер услови за тргување, што е забрането со одредбите од Законот за заштита на конкуренцијата.

Со ова решение е забрането ЕВН Македонија АД Скопје да им пресметува и наплатува посебен надомест на тарифната енергија, а непостапувањето по изречената забрана претставува прекршок согласно член 47 од Законот за заштита на конкуренцијата.

ВАЖНО!!!!

Ве известуваме Народниот правобранител постапи по нашиот допис и одговори позитивно на начин што не извести дека секој граѓанин има право да биде обештетен. За да можете да бидете обештетени треба да поднесете барање  за надомест на штета до ЕВН Електростопанство на Македонија АД Скопје. Барањето треба да содржи до кого е упатено,  од кого е упатено,  дека се бара надомест на штета, за кои месеци се бара надомест на штета. Доколку ви треба некоја дополнителна информација или помош слободно јавете се нашите телфонски броеви!