Организацијата на потрошувачите на Македонија организира Форум на тема: ,,Финансиските услуги и потрошувачите“ кој ќе се одржи на 27 декември, 2011 година во Хотел Holidej Inn, Скопје со почеток во 10 часот.
На форумските сесии ќе презентираат воведничари од Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ), како и претставници од институции како: Министерство за финансии, Министерство за економија, Народна банка на РМ, Клириншка куќа на РМ ,Агенција за супервизија на осигурувањето,Комисија за хартии од вредност, Агенција за супервизија на капитално финансиско пензиско осигурување – МАПАС, Македонско кредитно биро и други институции ( Здружение на банкарство,Групација за лизинг), кои ќе говорат за надлежностите и работењето на институциите од кои доаѓаат од аспект на грижата за потрошувачите.
На форумот ќе бидат разгледани повеќе прашања:
- Какви се искуствата во ЕУ во заштита на потрошувачите од финансиските услуги?
- Кои финансиски услуги им се нудат на потрошувачите?
- Кои се институциите за супервизија на овој пазар и која е нивната надлежност?
- Која е законската рамка што се однесува на финансиските услуги и заштитните механизми?
- Каде ги лоцираме проблемите на потрошувачите од досегашните искуства во работењето на ОПМ ?
- Како ја оценуваме потребата од примената на кодекси (како дел од добрите деловни практики за однесување) во пружање финансиски услуги?
- Што е финансиска писменост и дали ни е потребна стратегија?
Тематскиот форум е дел од годишната програма на ОПМ подржана од програмата CIVICA Mobilitas – имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC.
Оваа година одбележуваме 15 години од основањето на ОПМ и овој Форум е повод истата работно да ја одбележиме со тема која е од особен интерес за потрошувачите.