Home / Новости / Активности / Настани и промоции / Потрошувачка политика во Р. Македонија

Потрошувачка политика во Р. Македонија

На ден 11.11.2010 година во хотел Карпош во Скопје се одржа обука на тема: ,,Потрошувачка политика во Република Македонија‘‘. На обуката присуствуваа претставници од ОПМ, Министерство за економија -Oдделение за заштита на потрошувачи и општините : Кочани, Неготино, Прилеп, Струмица, Битола, Тетово, Гевгелија, Богданци, Дебар, Охрид, Карбинци, Штип, Град Скопје. Вкупно на обуката присуствуваа 13 општини.

На присутните им беше презентирано креирањето на политиката на заштитата на потрошувачите како и институционализацијата на политиката за заштита на потрошувачите. Стана збор и за Програмата за заштита на потрошувачите при Влада на РМ за период 2011-2012 година. Од страна на ОПМ повторно се потенцираше потребата и неопходноста од донесување на вакви програми за заштита на потрошувачи како и нивното значење но и спермноста на ОПМ да помогне во нивната изработка.