Home / Информативни материјали / Прирачници / Прирачник за правата на потрошувачите по предметот „Вештини за живеење“

Прирачник за правата на потрошувачите по предметот „Вештини за живеење“

Овој Прирачник е изработен од страна на  Организацијата на потрошувачите на Македонија и Бирото за развој на образованието на Република Македонија. Неговата подготовка и издавањето се финансирани од страна на Амбасадата на Швајцарија во Македонија.

Со Прирачникот се поддржува и Програмата за образование за заштита на потрошувачите, усвоена од Бирото за развој на образованието, што истовремено претставува придонес во спроведувањето на Програмата за заштита на потрошувачите на Владата на Република Македонија.

Наставниот предмет „Вештини за живеење“ – кој се изучува како изборен во VII, VIII и IX одделение – обработува повеќе тематски подрачја, меѓу кои и заштитата на потрошувачите. Прирачникот е наменет за наставниците кои го предаваат предметот или ќе реализираат слободни ученички проекти, односно активности со учениците, за заштита на нивните права како потрошувачи.

Целта е, преку Прирачникот, на наставниците да им се понудат нови сознанија, информации и практични идеи за примена на содржини и теми од потрошувачкото право и политика во Република Македонија со кои ќе може да им ја приближат проблематиката на учениците. На овој начин учениците ќе ги зголемат своите знаења и вештини во практикувањето и остварувањето на своите права како потрошувачи и корисници на услуги, а воедно ќе стекнат способности со кои ќе можат да донесуваат правилни потрошувачки одлуки и да одговорат на  предизвиците на современото живеење.

Во продолжение можете да ги погледнете прирачниците во две верзии, на македонски и албански јазик.

 priracnik_mk_foto  priracnik_al_foto