Home / Consumers4Sustainability / РАБОТИЛНИЦА И ФОКУС ГРУПА – СКОПЈЕ

РАБОТИЛНИЦА И ФОКУС ГРУПА – СКОПЈЕ

На ден 06.10.2021 година, во хотел Александар Палас Скопје, се одржаа фокус групата и работилница во рамките на проектот „Потрошувачите за одржливост – институционализирање на дијалогот за локалните политики и услугите на граѓанското општество кон општините и бизнисот.   На настанот  учествуваа 19 учесници, кои беа  претставници на јавните претријатија, компаниите од приватен сектор, членови од Советот за заштита на потрошувачите на Град Скопје и граѓанските организации.

Во првиот дел во рамките на  фокус групата беше претставен извештајот и сумарните резултати од спроведените интервјуа со јавните претпријатија на ниво на Град Скопје и компаниите. Беа анализирани добиените одговори од анкетните прашалници за секој дел одделно. Се дадоа препораки за претпријатија и компаниите во кој дел имаат недостатоци, на кој сегмент треба да обврнат повеќе внимание при работењето и како да се подобрат со цел да бидат попристапни за потрошувачите. Се даде и една кратка  анализа и на родовиот аспект којшто беше застапен во анкетите, а кој голем дел од субјектите не го применуваат во своето работење и сметаат дека тое не многу важен аспект во нивното работење..

На дискусијата присутните  претставници од јавни претпријатија и компаниите ги појаснија своите недостатоци во работењето, причините за нивната појава, како и дадоа став дека би соработувале во иднина со Организација на потрошувачите  на Македонија со цел да се подобрат и да овозможат подобра заштита на потрошувачките права од нивна страна.

Во вториот дел на настанот се одржа работилница за дефинирање на приоритетите  во новата програма за заштита на потрошувачите, и се изработи Предлог програма за заштита на потрошувачите на Град Скопје за 2022г која ќе биде доставена на усвојување до новиот состав на Советот за заштита на потрошувачите на Град Скопје. Спремност за учество во Советот покажаа и претставниците на јавните претпријатија, бизнис секторот, инспекциските служби и граѓанските здруженија.