Home / Consumers4Sustainability / РАБОТИЛНИЦА ЗА ОСНОВАЊЕ НА ЛОКАЛНИ СОВЕТИ ЗА ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ-КОЧАНИ

РАБОТИЛНИЦА ЗА ОСНОВАЊЕ НА ЛОКАЛНИ СОВЕТИ ЗА ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ-КОЧАНИ

На ден 16.12.2021 год. во Хотел Еуро Хотел Гратче се одржа работилница во рамките на „Потрошувачите за одржливост – институционализирање на дијалогот за локалните политики и услугите на граѓанското општество кон општините и бизнисот“.

На работилницата присуствуваа петнаесет учесници и тоа: претставници на Општина Кочани, Јавното комунално  претпријатие од Кочани, Агенција за храна и ветеринарство, предучилишни установи од Кочани, Комората на мал бизнис,  бизнис секторот и граѓански здруженија.

На средбата претставниците на општина Кочани се изјаснија дека ќе помогнат  на Организација на потрошувачи Кочани да  соодветна просторија за работа, а исто така се спремни да покренат иницијатива за формирање на Совет за заштита на потрошувачи на Општина Кочани и носење на соодветна Програма.

Како и во изминатите години Општина Кочани ќе одвои и финансиски средства за поддршка на здруженијата на потрошувачи.

x

Check Also

Брошура: Клима уреди со инвертер