Oрганизација на потрошувачите на Македонија на ден 04.03.2022 година преку ZOOM платформата одржа Рабoтилница за основање на локални совети за заштита на потрошувачите на ниво на општина Тетово. На работилницата која се одржа во рамки на проектот „Потрошувачите За одржливост – институционализирање на дијалогот за локалните политики и услугите на граѓанското општество кон општините и бизнисот“, присуствуваа претставници од општина Тетово, јавни претпријатија на ниво на општината, инспекциски органи, граѓански организации и други релевантни институции.
Претставници од ОПМ, преку презентации ги запознаа присутните со целите на проектот, правната регулативи за заштита на потрошувачите и политикте на ЕУ, како и потребата од формирање на локални Совети за заштита на потрошувачи.