Home / Новости / Активности / Работна средба

Работна средба

На ден 14.12.2022г во Стопанската комора во Скопје се одржа работна средба за „Зголемување на ниво на информираноста на потрошувачите по однос на електронските комуникации согледани преку направената анализа на состојба на прописите за електронските комуницаии во Република Северна Македонија, како и преку статистичките податоци на АЕК и ОПМ и постапка за решавање на спорови настанати во оваa област“. Работната средба е дел од активностите за кои е одговорно Министерството за економија на РСМ, а се предвидени во Програмата за заштита на потрошувачите на Владата на Република Северна Македонија за 2022 година. На средбата присуствуваа претставници од Министерството за економија,, Државен пазарен инспекторат, Агенција за електронски комуникации, Биро за развој на образование, МАЛМЕТ, Министерство за правда, преставници на стопанските комори, бизнис секторот и здруженија на граѓани. На средбата се презентираше сегментот на јавни услуги и потрошувачки приговор согледани преку одредбите на новиот Законот за заштита на потрошувачите, постапката за решавање потрошувачки спор и едукација на потрошувачите преку промотивна кампања согледани преку Законот за електронски комуникации како и проблемите на потрошувачите согледани преку статистиките на АЕК и ОПМ.