Сите сме потрошувачи!

Почитувани потрошувачи, Организацијата на потрошувачите на Македонија во соработка со Советот за заштита на потрошувачите на Град Скопје изработи брошура со наслов „Сите сме потрошувачи!“ која ги содржи важни информации за потрошувачите, нивните права и начини како да ги остварат.

„Кога не знаете кои се вашите права или пак имате конкретен проблем во остварување на правата од гаранција, сервисирање, при купување на производ со недостаток или пак производ што не ви одговара, кога не ја добивате ветената награда, незадоволни сте или немате пристап до јавните услуги како и при користење на други права како потрошувач, обратете ни се ќе се обидеме да Ви помогнеме!“

Брошурата е од големо значење за потрошувачите како алатка за брзи и корисни информации, збир на броеви до голем број на надлежни институции кои работат на полето на заштитата на правата на потрошувачите. Брошурата беше промовирана на 21ви декември во трговскиот центар „Сити Мол“ каде беа поделени голем број на брошури на граѓаните кои присуствуваа на промоцијата. Претходно беше одржана работилница со наслов „Законска регулатива и политиката за заштита на потрошувачите во Република Македонија и ЕУ“ на која се дискутираа подетално темите од брошурата со стручњаци од оваа област.

 

brosura-szpgs