Во продолжение можете да го погледенете прилогот на ТВ Сител по повод светскиот ден на правата на потрошувачите.
Потрошувачите често се незадоволни од услугите што ги добиваат. Најмногу се жалат на лажните попусти, проблеми со гаранциите, посебно на мобилните телефони, проблеми со испораката на енергенси, од услугите на комуналните претпријатија. Лани Пазарната инспекција спровела 3000 контроли, третина од нив бела на поплака на потрошувачите. Проблемот доплнително го зголемуваат и судовите кои иако можат, не се уште не донеле пресуда која ќе оди во полза на потрошувачите, посебно кога станува збор за банкарскиот сектор. Надлежните велат дека во иднина ќе се заостратат правилата за потрошувачите да си ги добиваат правата кои им следуваат.