почетна / Новости / Активности / Средба со новинари

Средба со новинари

Организацијата на потрошувачите на Македонија(ОПМ) во рамките на Програмата за заштита на потрошувачите на Град Скопје за 2018 година, на 08 Декември, организираше средба со новинари со цел да ги поттикне да се осврнат на  актуелни теми за правата на потрошувачите.

На присутните им беа претставени актуелности за нечесната пазарна пракса, одговорноста на потрошувачите за отпадот кој го создаваат,статистика за спроведените советувања за 2018 година, продажба вон-деловни простории, правата на потрошувачите при телекомуникациските услуги, потрошувачки кредити и интернет продажбата.

Исто така во домен на исхраната беше укажано на најактуелните теми од  билтенот „ПОТРОШУВАЧИТЕ И ХРАНА“ .

На средбата беше претставен и сертификатот „ФЕР СО ПОТРОШУВАЧОТ, процесот на постапката за добивање на овој сертификат.

x

Може да ве интересира

Програмата за заштита на потрошувачите на Град Скопје

Организација на потрошувачите на Македонија преку Програмата за заштита на потрошувачите на ...