Home / Новости / Активности / Стопанска банка АД – Скопје се стекна со сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“

Стопанска банка АД – Скопје се стекна со сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“

Стопанска банка АД – Скопје се стекна со сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“ кој го доделува Организацијата на потрошувачите на Македонија врз доброволна основа.

Доделувањето на сертификатот претставува потврда дека Стопанска банка АД – Скопје е ориентирана кон почитување на правата на потрошувачите и дека посветено се грижи за задоволството на потрошувачите во сите области на делувањетo.
Сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“ се доделува заради исполнетоста на критериумите во шест одделни области кои се битни за потрошувачите, а се однесуваат на: обезбедување точни, недвосмислени, разбирливи и навремени информации, примена на чесни пазарни практики, овозможена комуникација и пристап кон банката за различни категории лица, воспоставен систем за одговорно управување со поплаки од потрошувачите, како и едукација на потрошувачите и развој на финансиската писменост.

„Задоволство ни е да го поздравиме пристапувањето на Стопанска банка АД – Скопје кон процесот на сертификација. Во сите наведени области банката ги исполни условите и се стекна со сертификатот – Фер Финансиски услуги за потрошувачите. Сертификатот ја верификува обврзаноста на Стопанска банка АД – Скопје да негува примерен однос кон потрошувачите, а со тоа да придонесе кон нивната доверба и задоволство,“ изјави Претседателката на ОПМ д-р

“Добиениот Сертификат е на некој начин потврда од страна на нашите клиенти дека сите овие години чекориме во права насока, дека почитувањето на правата на потрошувачите во нашата Банка е на многу високо ниво со целосна запазеност на законските прописи, со истовремена висока посветеност на целиот тим на Стопанска банка АД – Скопје кон задоволување на нивните потреби.
Финансиската едукација и подобрувањето на финансиската писменост се дел од нашите неформални обврски, дел од нашите општествено одговорни практитки, посебно што во нашата 77 годишна историја секогаш сме тие што воведуваат нови финансиски производи и услуги за клиентите и посветуваме значителни ресурси во обезбедување на соодветни алатки за едукација прво на нашите вработени а потоа и на нашите клиенти и сограѓани. Оттука добивањето на сертификатот за нас е и обврска да продолжиме и понатаму дасе развиваме и да делуваме во обезбедување на фер финансиски услуги за клиентите.”, изјави Татјана Калајџиева, Сениор директор за продажба и мрежа на филијали, при Стопанска банка АД – Скопје.

#СТБтим #НаВашаСтрана #ФерФинансискиУслуги

x

Check Also

Брошура: Клима уреди со инвертер