Home / Новости / Активности / Настани и промоции / 15 март – Светски ден на правата на потрошувачите – 2011
Consumer

15 март – Светски ден на правата на потрошувачите – 2011

Зачетоците на потрошувачката политика  датираат од 1962 година , кога во Соединетите американски држави  претседателот Џон Кенеди им се обрати на потрошувачите. Преку ОЕЦД потрошувачкото движење преоѓа во континентална Европа, поттикнувајќи ги  највлијателните држави да развијат сопствена потрошувачка политика. Европската комисија  во 1975 година со својата прва програма за потрошувачката политика ги промовираше петте ,,основни права‘‘ за кои зборувал и претседателот Кенеди и тоа:

  • Право на заштита на здравјето и безбедност;
  • Право на заштита на економските интереси;
  • Право на правна заштита на потрошувачите;
  • Право на информации и образование;
  • Право на застапување на потрошувачките интереси;

По објавување на првата програма за политиката за заштита на потрошувачите Европската комисија постепено ја презема надлежноста од државите членки зафаќајќи ги областите кои се препознаваат како важен дел од потрошувачката политика. Усвојувањето на единствениот европски акт, кој како цел на европската интеграција за првпат ги определува постигнувањата на заедничкиот пазар, претставува значаен момент во односите помеѓу државите членки и Европската комисија.
Од 1986 година во надлежност на Европската зеадница спаѓа усвојување на на Директивите  и наредбите за остварување на петте основни потрошувачки права, со што се придонесува  кон воспоставување на заедничкиот внатрешен пазар. Надлежноста на Унијата во областа на политиката на заштита на потрошувачите првпат е воведена со договорот од Мастрихт во 1991 година а проширена со доворот од Амстердам . До повикување на правилото за посебна надлежност дошло само еднаш, при усвојување на Директивата 98/6 за означување на цените Сепак тоа допринело за легитимирање на регулаторните активности на ЕУ засновани на член 95 од Договорот за Европска унија (денес член 105 Договорот за функционирање на Европската унија). Лисабонскиот договор ја направиПовелбата за основните права како дел од европскиот правен поредок. Овде може да се пронајде основата на обврската на ЕУ да преземе соодветни мерки кои гарантираат остварување на целите на заштитата на потрошувачите.

15 Март е значаен ден за целокупното светско потрошувачко движење
Генералното Собрание  на Организацијата на Обединетите Нации во 1985 година ги усвои насоките за осумте основни потрошувачки права кои пак преку  меѓународната организација за заштита на потрошувачите – Consumers International се промовирани низ целиот свет, а тоа се:

  • право на задоволување на основните потреби – достапност на најнужните производи и услуги
  • право на безбедност на производите и услугите
  • право на информираност
  • право на избор
  • право да бидат земени во предвид интересите на потрошувачите
  • право на надомест на штета
  • право на образование на потрошувачите и
  • право да се живее во здрава животна средина.

Од 1985 година овие насоки претставуваа ориентација на потрошувачкото движење и основа да се земат предвид интересите и потребите на потрошувачите секаде во светот.

Организацијата на потрошувачите на Македонија во рамките на програмата на ОПМ за 2011 година, (поддржана од програмата CIVICA Mobilitas имплементирана од Центарот за Институционален развој – ЦИРа и финансиски поддржана од  Швајцарската агенција за развој и соработка SDC), во соработка со Министерството за економија, ќе земе активно учество на тркалезна маса по повод 15 Mарт -Светскиот ден на потрошувачите на тема: “Стоп за нечесно пазарно однесување” Тркалезната маса ќе се одржи во Скопје, на ден 15.03.2011 година во Клубот на пратеници, со почеток во 10 часот.