Организацијата на потрошувачи на Македонија заедно со двете партнерски организации Зенит и Креација, се стреми да ги подобри односите меѓу потрошувачите и деловната заедница со издавање на сертификатот „Фер со потрошувач“. Овој сертификат може да го добие компанијата која што ќе ги оствари шесте критериуми со соодветни индикатори за постигнување на резултатите.
Организацијата на потрошувачи на Македонија и партнерите сертифицираа повеќе од 43 компании и истите може да се најдат на следниот линк: fersopotrosuvacot.mk
Во рамките на проектот „Развој на партнерства помеѓу граѓанското општество и бизнис секторот“ финансиран од Шведската меѓународна агенција за развој и соработка (SIDA) и Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (BCSDN), коj се спроведува преку ConWeb, мрежа на национални организации за потрошувачи во Југоисточна Европа кои се состојат од Центар за заштита на потрошувачите од Црна Гора (CEZAP), Организација на потрошувачи на Македонија (ОПМ) и Национална организација за потрошувачи на Србија (NOPS). Организацијата на потрошувачи на Македонија организираше обука на 29.09.2021 година за членовите на тела за сертификација за доделување на сертификат „ФЕР СО ПОТРОШУВАЧ“ на CEZAP и NOPS .
На тренингот што се одржа преку платформата ZOOM присуствуваа околу 22 претставници на три организации: Организација на потрошувачи на Македонија (ОПМ), Центар за заштита на потрошувачите на Црна Гора (CEZAP) и Национална организација на потрошувачи на Србија (NOPS).
Тренингот имаше за цел да ја постигне зајакнување на капацитетите за обезбедување услуги до компаниите во развивање и промовирање на нивната корпоративна општествена одговорност во областа на потрошувачките проблеми и еколошки прашања поврзани со потрошувачката и да се формираат тела за сертификација во CEZAP и NOPS. Учесниците на CEZAP и NOPS имаа можност да добијат знаење со цел да се запознае со суштината на општествената одговорност на компанијата, особено во заштитата на правата и интереси на потрошувачите, еколошки прашања поврзани со потрошувачката (на пр. енергија и интензитет на трошење ресурси на домашни уреди, им обезбеди на потрошувачите информации за влијанијата врз животната средина од нивните решенија за купување или информации за соодветно отстранување или повторна употреба на производи на со рок на траење).
Д-р Ристо Иванов, експерт во областа, им објасни на идните верификатори на компаниите коишто ќе аплицираат за сертификација, придобивките од сертификатот, шемата за сертификација на компаниите, улогата на телата за сертификација, како да се провери придржувањето кон критериумите, како да се подготви план за подобрување на компаниите и како да се подготви извештај за верификација.
По обуката, учесниците имаа тест и проценка на резултатите од тестот и добија сертификат за да станат верификатори на компаниите.
Учесниците на обуката изразија благодарност до донаторите Шведската меѓународна агенција за развој и соработка (SIDA) и Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (BCSDN), кои го финансираат овој проект и ја поддржуваат оваа иницијатива.