Home / Сертификати / ТТК Банка и Халк Банка се стекнаа со сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“

ТТК Банка и Халк Банка се стекнаа со сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“

На денешен ден, ТТК Банка и Халк Банка се стекна со сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“ кој го доделува Организацијата на потрошувачите на Македонија врз доброволна основа.

Доделувањето на сертификатот претставува потврда дека ТТK Банка и Халк Банка се ориентирани кон почитување на правата на потрошувачите и дека посветено се грижат за задоволството на потрошувачите во сите области на делувањетo.

Сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“ се доделува заради исполнетоста на критериумите во шест одделни области кои се битни за потрошувачите, а се однесуваат на: обезбедување точни, недвосмислени, разбирливи и навремени информации, примена на чесни пазарни практики, овозможена комуникација и пристап кон банката за различни категории лица, воспоставен систем за одговорно управување со поплаки од потрошувачите, како и едукација на потрошувачите и развој на финансиската писменост.

„Задоволство ни е да го поздравиме пристапувањето на ТТК Банка и Халк Банка кон процесот на сертификација. Во сите наведени области овие банки ги исполнија условите и се стекнува со сертификатот – Фер Финансиски услуги за потрошувачите. Сертификатот ја верификува обврзаноста на ТТК Банка и на Халк Банка да негуваат примерен однос кон потрошувачите, а со тоа да придонесат кон нивната доверба и задоволство,“ изјави претседателката на ОПМ
д-р Маријана Лончар Велкова.

Сертификацијата се одвиваше врз основа на критериуми за верификација на исполнетоста на критериумите во наведените шест области, а е дел од ЕУ проектот за унапредување на заштита на потрошувачите и застапување на нивните интереси во финансиските услуги. Проектот е спроведуван од ОПМ, а финансиран од oперативен грант од Програма за потрошувачи на Европската унија (2014-2020) преку Европската организација на потрошувачите (BEUC).