Организација на потрошувачите на Македонија, спроведе онлајн анкета со цел да добиеме информации за знаењата и ставовите на потрошувачите кон навиките за потрошувачката и намалувањето на отпадот од храна. Анкетата беше објавена и промовирана на социјалните мрежи (Facebook и Instagram), на којашто одговорија вкупно 348 испитаници.
Во однос на концептот на отпад од храна, може да се увиди дека повеќето испитаници имаат некакво ниво на знаење за оваа тема и го сметаат намалувањето на отпадот од храна како многу важен концепт, бидејќи тоа придонесува за заштита на животната средина. Меѓутоа, тие не се доволно запознаени за било какви кампањи или иницијативи за намалување на отпадот од храна во заедницата каде живеат. Според одговорите, може да се заклучи дека испитаниците сметаат дека купувањето и готвењето на голема количина храна се главните причини за отпадот од храна, но тие исто така ги сметаат производите со изминат рок на употреба и несоодветни практики за складирање на храна за значајни фактори кои придонесуваат за отпад од храна. Тие исто така веруваат дека токму потрошувачите се оние кои треба да се сметаат како најодговорни кога станува збор за намалување на отпадот од храна….Повеќе
ОПМ Организација на потрошувачите на Македонија
