www.kolektivnokupuvanje.mk
дознај повеќе на 02 3170 888
Проценување на топлинско оптоварување на клима уред
Напомена: Резултатот кој ќе го добиете е индикативен и не може да замени професионална пресметка, проценка и совет!
a) Податоци за прозорци
• Измерете ги димензиите на прозорците. Користете ја формулата (должина х висина) за пресметка на површината на прозорецот, а доколку имате повеќе прозорци во просторијата направете збир на површината на сите прозорци и внесете ја во калкулаторот. Така на пример, доколку прозорецот има должина 2m и висина 1m, со примена на формулата површината изнесува 2m².
• Во зависност од тоа како се поставени/ориентирани прозорците, ја избирате соодветната опција дадена во калкулаторот. На пример, ако вашите прозорци /ѕидот се ориентирани на југ, тогаш се избира опцијата „јужна страна“.
• Појаснуваме дека доколку вашиот прозорец има ролетна (внатрешна или надворешна) и завеси, тогаш треба да ги изберете двете опции.
б) Податоци за прегради
• Како пример посочуваме дека доколку ѕидот е со површина од 13.5m² (должина 5m и ширина 2.7m), а прозорецот со површина од 2m² (должина 1m и ширина 2m), треба од вкупната површина на ѕидот да се одземе вкупната површина на прозорецот (13.5 m² – 2m²), при што се добива површина од 11.5m². Вие пресметајте согласно вредностите кои сте ги утврдиле во вашата просторија!
• Доколку ѕидот е под сенка, треба да ја изберете опцијата „не“.
• Површина на внатрешни ѕидови –како пример наведуваме дека просторијата има 3 внатрешни ѕидови, сите со должина од 5m и ширина 2.7m, па доколку е така по примена на формулата се добива следниот резултат: 3 х 5 х 2.7 = 40.5m². Вие пресметајте согласно вредностите кои сте ги утврдиле во вашата просторија!
• Површината на таванот вообичаено е еднаква на површината на подот. Вие пресметајте согласно вредностите кои сте ги утврдиле во вашата просторија!
• Одберете опција која одговара на состојбата на вашата просторија.
• Пресметајте ја површина на подот се формулата (должина х ширина).
• Одберете опција која одговара на состојбата на вашата просторија.
• Пресметајте ја површината на влезната врата во просторијата преку примена на формулата (должина х ширина).
в) Податоци за други оптоварувања
• Наведете го бројот на лица кои најчесто престојуваат во простријата.
• Со цел да ја пресметате вкупната моќност на осветлување во просторот, избројте ги светилките и проверете ја нивната моќност. Така на пример доколку во просторијата има 6 светилки, од кои 2 светилки се со моќност од 50W и 4 светилки се со моќност од 20W, по примена на формулата 2 х 50 + 4 х 20 добивате моќност од 180W. Вие пресметајте согласно вредностите кои сте ги утврдиле во вашата просторија!
Внесете ги сите полиња означени со црвено
Потребна моќност за
разладување на просторот (W)
—
Потребна моќност за
загревање на просторот (W)
—
Пример:
Кампања за колективно купување енергетски ефикасни инвертер клима уреди.
Бесплатна регистрација до 10.04.2023
РЕГИСТРИРАЈ СЕ
регистрацијата не е обврзувачка