Права на пациенти

Оваа област на делување претпоставува заштита на интересите на пациентите преку воспоставување систем на подобра законска регулатива, поголемо учество на граѓаните во процесот на одлучување, транспарентност на информациите и подобро здравствено осигурување и здавствена заштита.

Активностите претежно се насочени кон:

  • Анализа на правната регулатива во областа на здравствената заштита, здравственото осигурување и правата на пациентите;
  • Соработка со државните органи и институции и стручни организации: Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Фонд за здравствено осигурување на Република Македонија, инспекциските органи, Лекарската Комора на Македонија и др.;
  • Соработка со НВО-и кои се регистирани за пружање помош на одредени групи пациенти.
  • Едукација за правата на пациентите што се остварува преку: информативни материјали, брошури,  трибини, предавања и сл.