Организацијата на потрошувачите на Македонија во соработка со Министерството за економија, во рамки на Програмата за заштита на потрошувачите за 2017-та година изработи брошура со назив: „Топ 10 начини како да бидете безбедни онлајн како потрошувач“.
Оваа брошура нуди совети за безбедно купување на производи и услуги преку интернет. Потрошувачите во изминатиот период сè повеќе ги користат услугите на интернет продавнциите лоцирани во Р. Македонија и во странство. За тие да можат безгрижно да продолжат да ги користат овие услуги, препорачуваме да се водат по овие совети, кои им помагаат на потрошувачите да купуваат преку интернет и да бидат сигурни дека нивните лични податоци се сигурни, дека плаќањето е безбедно и сл.
Брошурите се достапни на македонски и албански јазик.