Судските постапки траат со години и се многу скапи, оценуваат од Македонската организација на потрошувачи. Затоа тие бараат да стапи во сила нов инструмент, т.н. заедничка заштита на правата на потрошувачите. Исто така, се бара измена на законот за оданочување. Активностите на оваа организација ја финансира германската асоцијација за меѓународна соработка.
