Home / Новости / Активности / Настани и промоции / Анкета: Правата на потрошувачите при туристичките патувања

Анкета: Правата на потрошувачите при туристичките патувања

Организацијата на потрошувачите на Македонија спроведува истражување на тема „Правата на потрошувачите при туристичките патувања“. За таа цел во рамки на Програмата за заштита на потрошувачите на Град Скопје за 2017-та година, во соработка со Советот за заштита на потрошувачите на Град Скопје, подготвивме анкета со 15 кратки прашања, преку кои сакаме да го анализираме доменот на туристички патувања.

Ве молиме одвојте дел од вашето време и отворете ја оваа анкета која нема да ви одземе повеќе од 5 минути. Прашањата се однесуваат на вашето искуство при туристичките патувања, видот на проблемите со кои се соочувате како патник, постапката за решавање на проблемот и сл.

Анкетата е ќе биде отворена за одговори во периодот помеѓу 22-ри Јуни и 11-ти Јули, односно 20 дена. Потоа ќе биде изготвена анализа која ќе биде користена за подобрување на законските норми кои го регулираат овој домен, подобро насочување на информациите кон потрошувачите, подобрена комуникација помеѓу туристичките агенции и потрошувачите и останати активности за подобрување на информираноста на потрошувачите и заштитата на нивните права.

Анкетата можете да ја одговорите со кликнување на овој линк или во продолжение.