Даути Комерц АД се стекна со сертификат “ФЕР со потрошувачот”, кој го доделува Организацијата на потрошувачите на Македонија врз доброволна основа. Доделувањето на сертификатот претставува потврда дека Даути Комерц АД е ориентирана кон почитување на правата на потрошувачите и дека посветено се грижи за задоволството на потрошувачите во сите области на делување.
„Задоволство ни е да го поздравиме пристапувањето на Даути Комерц АД кон процесот на сертификација. Тоа значи дека компанијата во сите наведени области ги исполнила условите и се стекна со сертификатот-ФЕР со потрошувачот. Со сертификатот се верификува обврзаноста на Даути Комерц АД, да негува примерен однос кон потрошувачите, а со тоа да придонесе кон зголемување на довербата и задоволството кај потрошувачите. Даути Комерц АД претставува сертифицирана компанија која ќе биде објавена на веб страната ФЕР со потрошувачот за сертифицирани компании” и веб страната на Организацијата на потрошувачите на Македонија, изјави претседателката на ОПМ Д-Р Маријана Лончар Велкова.
Сертификатот „ФЕР со потрошувачот“ се доделува на компании кои имаат имплементирано јасно дефинирана стратегија за заштита на безбедноста и здравјето на потрошувачите, примена на фер пазарни практики при информирање, рекламирање, означување и склучување договори со потрошувачите, техничка поддршка и решавање поплаки и спорови, кои гарантираат заштита на личните податоци на потрошувачите и нивната приватност, инвестираат во едукација и свесност на потрошувачите и се грижат за влијанието на производите врз животната средина.