Home / Сертификати / Даути Комерц АД се стекна со сертификатот „Фер со потрошувачот“

Даути Комерц АД се стекна со сертификатот „Фер со потрошувачот“

Даути Комерц АД се стекна со сертификат “ФЕР со потрошувачот”, кој го доделува Организацијата на потрошувачите на Македонија врз доброволна основа. Доделувањето на сертификатот претставува потврда дека Даути Комерц АД е ориентирана кон почитување на правата на потрошувачите и дека посветено се грижи за задоволството на потрошувачите во сите области на делување.

„Задоволство ни е да го поздравиме пристапувањето на Даути Комерц АД кон процесот на сертификација. Тоа  значи дека компанијата во сите наведени области ги исполнила условите и се стекна со сертификатот-ФЕР со потрошувачот. Со сертификатот се верификува обврзаноста на Даути Комерц АД, да негува примерен однос кон потрошувачите, а со тоа да придонесе кон зголемување на довербата и задоволството кај потрошувачите. Даути Комерц АД претставува сертифицирана компанија која ќе биде објавена на веб страната ФЕР со потрошувачот за сертифицирани компании” и веб страната на Организацијата на потрошувачите на Македонија, изјави претседателката на ОПМ Д-Р Маријана Лончар Велкова.

Сертификатот „ФЕР со потрошувачот“ се доделува на компании кои имаат имплементирано јасно дефинирана стратегија за заштита на безбедноста и здравјето на потрошувачите, примена на фер пазарни практики при информирање, рекламирање, означување и склучување договори со потрошувачите, техничка поддршка и решавање поплаки и спорови, кои гарантираат заштита на личните податоци на потрошувачите и нивната приватност, инвестираат во едукација и свесност на потрошувачите и се грижат за влијанието на производите врз животната средина.