Во последниот број на магазинот „ИнСторе“ за месец Април, е објавено интервјуто со правниот советник во ОПМ Иво Костовски, за улогата на ОПМ во системот за заштита на потрошувачите, активностите на ОПМ и добрите трговски практики. Интервјуто можете да го прочитате на следниот линк и во продолжение.
Секој потрошувач може да се обрати до Организацијата на потрошувачите на Македонија за да добие информација или совет, доколку има проблем со остварување на своите потрошувачки права. Веродостојноста ја проверуваме така што за предметите што ги води ОПМ, бараме да ни биде доставен доказ за купен производ или услуга (на пример, фискална сметка, сметка-парагон или договор), доколку потрошувачот тврди дека има проблем со остварување на своите права во врска со конкретен производ или услуга. Понатаму, предметот се доставува до надлежниот државен орган, кој постапува по него. ОПМ како невладина организација, нема управна моќ да донесува решенија, туку дејствува советодавно. Работиме на континуирано подигнување на свеста на потрошувачите, едуцирање за нивните права и за начините како можат да ги остварат тие права. Поради тоа што ОПМ е граѓанско здружение без управни надлежности, ние не ги информираме компа ниите, туку тоа го прават државните институции што се надлежни во конкретниот случај и кои ги спроведуваат казнените одредби, пропишани со закон. Кога ќе доби еме повратна информација од надлежниот орган, го информираме потрошувачот што е одлучено, што може тој понатаму да стори и доколку е незадоволен од одговорот на институцијата, на кој начин да ја продолжи постапката пред второстепена комисија или надлежен суд. Добрите практики на компаниите се следат во ОПМ и се забележуваат како примери. Нив ги користиме во презентации на семинари, работилници, како и при изработка на студии, преку кои ги поттикнуваме трговците да воведуваат промени во работењето и да обрнат повеќе внимание на правата на потрошувачите.