ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ НА МАКЕДОНИЈА
Особено ни е драго што покажавте интерес за Организацијата на потрошувачите на Македонија (во натамошниот текст: ОПМ). Заштитата на личните податоците е наш приоритет, па затоа Ве молиме внимателно да ја прочитате оваа политика за приватност. Можете да ја посетите нашата веб страница и без да ги откриете Вашите лични податоци, меѓутоа, доколку сакате да користите одредени услуги преку нашата веб страница, неопходно е да ги обработуваме Вашите лични податоци. Доколку обработката на Вашите лични податоци не се врши заради исполнување на законска обврска, во тој случај потребна ни е Ваша согласност.
Личните податоци на посетителите на нашата веб страница се обработуваат во согласност со Законот за заштита на личните податоци[1]. Со оваа политика за приватност, сакаме да Ве информираме за природата, обемот и целта за која ги собираме, користиме и обработуваме личните податоци, како и за Вашите права што произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци.
Како контролор, ОПМ применува технички и организациски мерки за да обезбеди целосна заштита на личните податоци кои се обработуваат преку оваа веб страница. Сепак, доставувањето на личните податоци преку Интернет во принцип може да има безбедносни пропусти и не може да се гарантира апсолутна заштита. Од оваа причина, секој посетител може да ни ги достави личните податоци преку алтернативни средства за комуникација, на пример преку пошта, телефон или да дојде во нашите службени простории.
- Дефиниции
- Назив и адреса на контролорот
- Офицер за заштита на личните податоци
- Колачиња (Cookies)
- Собирање на општи податоци и информации
- Можност за контакт преку веб страницата
- Ограничување на обработката и бришење на личните податоци
- Права на субјектите на личните податоци
- Одредби за заштита на податоците за користење на Facebook
- Одредби за заштита на податоците за користење на YouTube
- Одредби за заштита на податоците за користење на Twitter
- Одредби за заштита на податоци за користење на Instagram
- Одредби за заштита на податоците за користење на Google Analytics
- Правна основа за обработка (категории на лични податоци и цел на обработката на личните податоци)
- Периодот во кој ќе се чуваат личните податоци
- Постоење на автоматско донесување на поединечни одлуки
- Постоење на право на поднесување барање до Агенција за заштита на личните податоци
- Дефиниции
Политиката за приватност на ОПМ се заснова на термините што ги користи Законот за заштита на личните податоци (во натамошниот текст: ЗЗЛП). Таа треба да биде разбирлива за пошироката јавност, за нашите членови и останатите посетители. За да бидеме сигурни дека навистина е така, прво сакаме да ги објасниме поимите што ги користиме.
Во оваа Политика за приватност, меѓу другото, ќе ги користиме следниве изрази:
а) Лични податоци
Под личен податок се подразбира секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет.
б) Субјект на личните податоци
Субјект на личните податоци (во натамошниот текст: субјект или субјектот) е идентификувано или физичко лице кое може да се идентификува, чии лични податоци ги обработува контролорот одговорен за обработка на личните податоци.
в) Обработка на личните податоци
Обработка на личните податоци е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување.
г) Ограничување на обработката на податоците
Ограничување за обработката на личните податоци е означување на личните податоци кои се чуваат, a со цел ограничување на нивната обработка во иднина.
д) Профилирање
Профилирање е секоја форма на автоматска обработка на лични податоци, која се состои од користење на лични податоци за оценување на одред
ени лични аспекти поврзани со физичкото лице, а особено за анализа или предвидување на аспекти кои се однесуваат на извршување на професионалните обврски на тоа физичко лице, неговата економска состојба, здравје, лични преференции, интереси, доверливост, однесување, локација или движење.
ѓ) Псевдонимизација
Псевдонимизација е обработка на личните податоци на таков начин што личните податоци не можат повеќе да се поврзат со одреден субјект без да се користат дополнителни информации, под услов таквите дополнителни информации да се чуваат одделно и да подлежат на технички и организациски мерки со кои ќе се обезбеди дека личните податоци не се поврзани со идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува.
е) Контролор
Контролор е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци, а кога целите и начинот на обработка на личните податоци се утврдени со закон, со истиот закон се определуваат контролорот или посебните критериуми за негово определување.
ж) Обработувач
Обработувач е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело кое ги обработува личните податоци во име на контролорот.
з) Корисник
Корисник е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело на кое му се откриваат личните податоци без разлика дали е тоа трето лице или не. Меѓутоа, органите на државната власт и државните органи на кои им се откриваат личните податоци во рамките на посебна истрага во согласност со закон, не се сметаат за корисници, при што обработката на овие податоци од овие органи мора да биде во согласност со важечките правила за заштита на личните податоци според целите на таа обработка.
Ј) Трето лице
Трето лице е секое физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое не е субјект, контролор, обработувач или лице, кое под директно овластување на контролорот или обработувачот е овластено да ги обработува податоците.
и) Согласност
Согласност на субјектот е секоја слободно дадена, конкретна, информирана и недвосмислена изјава на волја, преку изјава или јасно потврдено дејствие, а со кои се изразува согласност за обработка на неговите лични податоци.
- Назив и адреса на контролорот
Контролор согласно ЗЗЛП е:
Организацијата на потрошувачите на Македонија
ул. „50-та Дивизија“ бр. 10А, П. Фах 150
1000 Скопје
Република Северна Македонија
Телефон: +38923179592 или +38970282873
Е-маил адреса opm@opm.org.mk и sovetuvanja@opm.org.mk
Веб страница: https://opm.org.mk
- Офицер за заштита на личните податоци
Татјана Тасевска
Телефон: 070683925
Е-маил адреса: tanjatopm@gmail.com
Секој посетител може во секое време директно да контактира со нашиот офицер за заштита на податоци за какви било прашања и предлози во врска со заштитата на личните податоци.
- Колачиња (Cookies)
Веб страницата на ОПМ користи колачиња. Колачињата се текстуални датотеки зачувани во информацискиот систем на посетителот преку веб прелистувачот.
Многу колачиња содржат таканаречен ИД на колачето – единствен идентификатор на колачето, кој се состои од низа карактери преку кои посетените веб страници ги разликуваат веб прелистувачите на нивните посетители од другите веб прелистувачи, а со помош на единствениот идентификатор на колачето.
Со користење на колачиња на нашата веб страница, им нудиме подобри услуги на посетителите. Колачињата ни овозможуваат, да ги препознаваме посетителите на нашата веб страница. Целта на ова е да им го олесниме користењето на нашата веб страница. Посетителот на нашата веб страница што користи колачиња, на пр. не мора секогаш кога пристапува до веб страницата да внесува податоци за пристап, затоа што ги презема од веб страницата и колачето е зачувано на неговиот информациски систем.
Посетителот може во секое време да спречи поставување на колачиња преку нашата веб страница со користење на соодветна поставка на веб прелистувачот. Тој може трајно да го одбие поставувањето колачиња, а може и веќе поставените колачиња да ги избрише во кое било време преку веб прелистувачот или други софтверски програми. Ако посетителот го исклучи поставувањето колачиња преку веб прелистувачот, не ќе може во целост да ги користи сите функции на нашата веб страница.
Повеќе информации се достапни во Политиката за колачиња на ОПМ.
- Собирање на општи податоци и информации
Нашата веб страница собира низа општи податоци и информации кога посетителот пристапува до неа. Овие општи податоци и информации се зачувани во лог фајловите (датотеките) на серверот. Собраните податоци и информации може да се однесуваат на (1) видот на веб прелистувачот и користените верзии, (2) оперативниот систем што го користи системот за пристап, (3) веб страницата од која системот за пристап пристапува до нашата веб страница, (4) датумот и времето на пристап до веб страницата, (5) адресата на Интернет протоколот (IP адресата), (6) давателот на Интернет услуги на системот за пристап и (7) други слични информации и информации што можат да се користат во случај на напад врз нашиот информациски систем.
При користење на овие општи податоци и информации, не донесуваме заклучоци за посетителот. Наместо тоа, овие информации ни се потребни за (1) правилно да ја испорачаме содржината на нашата веб страница, (2) да ја оптимизираме содржината на нашата веб страница, (3) да обезбедиме долгорочна одржливост на нашиот информациски систем и технологијата на веб страницата, и (4) да им ги дадеме на органите за спроведување на законот информациите потребни за гонење во случај на сајбер-напад. Затоа, анонимно анализираме и собираме статистички податоци со цел да обезбедиме оптимално ниво на заштита на личните податоци што ги обработуваме. Анонимните податоци од лог фајловите (датотеките) на серверите се зачувуваат одделно од личните податоци од посетителот.
- Можност за контакт преку веб страницата
Нашата веб страница содржи информации што овозможуваат брз контакт и директна комуникација со нас, која вклучува име и презиме и електронска пошта (е-маил адреса). Ако контактирате со нас преку е-маил адреса или преку формата за контакт, Вашите лични податоци автоматски се зачувуваат, заради контакт со Вас. Овие лични податоци нема да бидат откриени на трети лица.
- Ограничување на обработката и бришење на личните податоци
Вашите лични податоци ги обработуваме и чуваме само во времето потребно за постигнување на целта заради која се собрани и се обработуваат или во времето предвидено во прописите за здравствена заштита и архивски материјал.
Ако престанала целта заради која се обработуваат или ако истече рокот на чување, пропишан во прописите за здравствена заштита и архивски материјал, личните податоци се бришат или се ограничува нивната обработка.
- Права на субјектите на личните податоци
а) Право на потврда
Секој субјект има загарантирано право да добие потврда од ОПМ дали неговите или нејзините лични податоци се обработуваат. Доколку субјектот сака да го искористи правото на добивање на потврда, во секое време може да не контактира. Нашите вработени ќе постапат по барањето.
б) Право на пристап
Секој субјект има загарантирано право од ОПМ да добие информација за неговите лични податоци, во секое време, бесплатно, како и копија од овие податоци. ЗЗЛП му гарантира на субјектот пристап до следниве информации:
- цел на обработката;
- категории на личните податоци;
- корисници или категории на корисници на кои им биле откриени или ќе бидат откриени личните податоци, особено корисници во трети земји или меѓународни организации;
- ако е можно, време на чување на личните податоци или ако тоа не е можно, критериумите користени за одредување на времето на чување;
- постоење на право да се бара исправка или бришење на лични податоци од страна на ОПМ или ограничување на обработката на неговите лични податоци или правото да се спротивстави на таквата обработка;
- постоење на право на поднесување барање до Агенцијата за заштита на личните податоци;
- кога личните податоци не се собрани од субјектот, сите достапни информации за изворот на лични податоци;
- постоење на автоматско донесување одлуки, вклучително и профилирање, согласно член 26 ставови (1) и (4) од ЗЗЛП и во тие случаи, релевантни информации за вклучената логика, како и значењето и предвидените последици на таквата обработка за субјектот.
Покрај тоа, субјектот има право да добие информација за тоа дали личните податоци се пренесени во трета земја или меѓународна организација. Доколку е така, субјектот има право да биде информиран за соодветните заштитни мерки во врска со преносот.
Доколку субјектот сака да го искористи правото на пристап, во секое време може да не контактира. Нашите вработени ќе постапат по барањето за пристап до личните податоци.
в) Право на исправка
Секој субјект има загарантирано право од ОПМ да добие исправка на неточните лични податоци за него без непотребно одложување. Земајќи ги предвид целите на обработката, субјектот има право да ги дополни нецелосните лични податоци.
Доколку субјектот сака да го искористи ова право на исправка, во секое време може да не контактира. Нашите вработени ќе постапат по барањето за исправка на личните податоци.
г) Право на бришење („Право да се биде заборавен“)
Секој субјект има загарантирано право од ОПМ да бара да ги избрише неговите лични податоци без непотребно одложување. Ние сме должни да постапиме по ваквото барање ако е исполнет еден од следните услови:
- Личните податоци повеќе не се потребни за целите за кои се собрани или за кои се обработуваат.
- Субјектот ја повлекол согласноста на која се заснова обработката во согласност со членот 10 став (1) алинеја 1 или членот 13 став (2) алинеја 1 од ЗЗЛП, а не постои друга правна основа за обработка.
- Субјектот приговарал на обработката согласно членот 25 став (1) и (2) од ЗЗЛП.
- Личните податоци се обработуваат незаконски.
- Личните податоци мора да бидат избришани согласно законска обврска.
- Личните податоци биле собрани во врска со понудата на услуги на информатичко општество наведени во членот 12 став (1) од ЗЗЛП.
Доколку еден од горенаведените услови е исполнет, а субјектот сака да побара бришење на личните податоци што ги чуваме, во секое време може да не контактира. Нашите вработени ќе постапат по барањето за бришење на личните податоци.
д) Право на ограничувања за обработка
Секој субјект има загарантирано право да се ограничи обработката на неговите лични податоци од страна на ОПМ, доколку е исполнет еден од следниве услови:
- точноста на личните податоци се оспорува од субјектот, за период кој и овозможува на ОПМ да ја провери нивната точност.
- обработката е незаконска и субјектот се спротивставува на бришењето на личните податоци, при што наместо тоа бара ограничување на нивната употреба.
- за целите на обработката, ОПМ нема повеќе потреба од личните податоци, но субјектот ги бара за воспоставување, остварување или одбрана на неговите правни барања.
- субјектот приговара на обработката согласно членот 25 став (1) од ЗЗЛП, во очекување на верификација дали легитимните интереси на ОПМ преовладуваат над интересите на субјектот.
Доколку еден од горенаведените услови е исполнет и субјектот сака да побара ограничување на обработката на личните податоци што ги чуваме, во секое време може да не контактира. Нашите вработени ќе постапат по барањето за ограничувања во обработката на личните податоци.
ѓ) Право на преносливост на податоци
Секој субјект има загарантирано право да ги добие своите лични податоци, а кои тој ги има дадено на ОПМ во структуриран, вообичаено користен, машински читлив формат. Субјектот има право да ги пренесе овие податоци на друг контролор без мешање од контролорот кому му се дадени личните податоци, под услов обработката да се заснова на согласност од членот 10 став (1) алинеја 1 или членот 13 став (2) алинеја 1 од ЗЗЛП или да се заснова на договор наведен во членот 10 став (1) алинеја 2 од ЗЗЛП, а обработката се изведува со автоматски средства и не е неопходна за извршување на задачи од јавен интерес или за извршување на јавно овластување на контролорот утврдено со закон.
Покрај тоа, при остварување на правото за преносливост на податоци во согласност со членот 24 став (1) од ЗЗЛП, субјектот има право да бара неговите лични податоци директно да бидат пренесени од еден на друг контролор, каде што е технички изводливо и кога тоа не влијае негативно врз правата и слободите на другите физички лица.
Со цел да се оствари правото на преносливост на податоци, доколку е применливо, субјектот во секое време може да не контактира. Нашите вработени ќе постапат по барањето за преносливост на податоците.
е) Право на приговор
Субјектот врз основа на конкретна ситуација поврзана со него има право да поднесе приговор до ОПМ во секое време, против обработката на неговите лични податоци, врз основа на член 10 став (1) алинеи 5 или 6 од ЗЗЛП. Ова исто така важи и за профилирање засновано врз овие одредби.
ОПМ повеќе нема да ги обработува личните податоци во случај на приговор, освен ако докажеме дека постојат релевантни легитимни интереси за обработката, кои преовладуваат над интересите, правата и слободите на субјектот, или за воспоставување, остварување или одбрана на неговите правни барања.
Субјектот има право, од причини поврзани со неговата лична состојба, да приговара на обработката на неговите лични податоци за научни или историски истражувања или статистички цели во согласност со членот 86 став (1) од ЗЗЛП, освен ако обработката е неопходна за извршување на работи од јавен интерес.
Со цел да се оствари правото на приговор, субјектот во секое време може да не контактира. Нашите вработени ќе постапат по приговорот.
з) Право на повлекување согласност за заштита на податоците
Секој субјект има право да ја повлече согласност за обработка на неговите лични податоци во секое време.
Доколку субјектот сака да го искористи правото на повлекување согласност, во секое време може да не контактира. Нашите вработени ќе постапат по барањето без одлагање.
- Одредби за заштита на податоците за користење на Facebook
На оваа веб страница, ОПМ има интегрирано компоненти на Facebook. Facebook е социјална мрежа – место за социјални состаноци на Интернет кое им овозможува на корисниците да комуницираат едни со други во виртуелен простор. Социјалната мрежа може да послужи како платформа за размена на мислења и искуства или за добивање лични или деловни информации. Facebook им овозможува на корисниците да креираат приватни профили, да поставуваат фотографии и да се поврзат преку барања за пријателство.
Facebook, Inc., 1 Hacker Way, Menlo Park, Калифорнија 94025, Соединетите Американски Држави (САД) е контролор на податоците на субјектите од САД и Канада. Ако субјектот живее надвор од САД или Канада, контролор е Facebook Ireland Ltd., 4 Grand Canal Square, Grand Canal Harbour, Даблин 2, Ирска.
Секогаш кога ќе ја посетите нашата веб страница, на која е интегрирана компонентата на Facebook (Facebook plug-in), веб прелистувачот на Вашиот информациски систем автоматски се поттикнува да испрати приказ на соодветната компонента на Facebook. Преглед на сите Facebook plug-in може да се обезбеди на https://developers.facebook.com/docs/plugins/. За време на овој технички процес, Facebook е информиран за тоа која веб страница сте јан посетиле.
Facebook секогаш прима информации за посетата на нашата веб страница, кога сте најавени на Facebook за време на посета на нашата веб страница. Доколку не сакате овие информации да се пренесуваат на Facebook, одјавете се од акаунтот на Facebook пред да остварите посета на нашата веб страница.
Упатството за заштита на податоците објавено од Facebook е достапно на https://facebook.com/about/privacy/. Тоа содржи информации за собирањето, обработката и употребата на личните податоци од страна на Facebook. Покрај тоа, објаснето е какви поставки нуди Facebook за заштита на приватноста на субјектот. Дополнително, достапни се различни опции за поставки, за да се оневозможи преносот на податоци на Facebook.
- Одредби за заштита на податоците за користење на YouTube
На нашата веб страница, интегрирана е компонентата на YouTube. YouTube е интернет видео портал кој им овозможува на видео издавачите и на другите корисници бесплатно да поставуваат видеозаписи, како и бесплатно нивно прегледување, оценување и коментирање. YouTube ви овозможува да објавувате секаков вид на видеа, да пристапите до цели филмови и ТВ -емисии, како и музички видеа и видеа направени од корисници преку Интернет порталот.
YouTube услугата ја овозможува трговското друштво Google Ireland Limited, Gordon House, Barrow Street, Даблин, D04 E5W5, Ирска.
Секогаш кога ќе ја посетите нашата веб страница на која е интегрирана компонентата YouTube (видео на YouTube), веб пребарувачот на Вашиот информациски систем автоматски се поттикнува да испрати приказ на соодветната компонента на YouTube. Дополнителни информации за YouTube се достапни на https://www.youtube.com/howyoutubeworks/. Во текот на овој технички процес, YouTube е информиран која веб страница сте ја посетиле.
Ако сте најавени на YouTube, YouTube ја препознава секоја посета на нашата веб страница. Овие информации се собираат од YouTube и Google и се доделуваат на вашата сметка на YouTube.
YouTube и Google добиваат информации преку компонентата YouTube дека сте ја посетилe нашата веб страница, ако сте најавени на YouTube во моментот на посетата на нашата веб страница. Ова се случува без разлика дали сте кликнале на YouTube видеозаписот или не. Доколку не се согласувате со таквиот пренос на податоци на YouTube и Google можете да се одјавите од Вашиот профил на YouTube пред да се најавите на нашата веб страница.
Одредбите за заштита на личните податоци на YouTube кои се достапни на следниот линк https://policies.google.com/privacy?hl=en, обезбедуваат информации за собирање, обработка и употреба на личните податоци од страна на YouTube и Google.
- Одредби за заштита на податоците за користење на Twitter
На оваа веб страницa ОПМ ја интегрирал компонентата на Twitter. Twitter е повеќе јазична, јавно достапна услуга за “micro blogging” на која корисниците можат да објавуваат и шират таканаречени твитове, на пр. кратки пораки, кои се ограничени на 280 знаци. Овие кратки пораки се достапни на секого, вклучително и оние кои не се пријавиле на Twitter. Твитовите, исто така се прикажуваат и на следбениците на соодветните корисници. Следбениците се други корисници на Twitter кои ги следат твитовите на корисниците. Дополнително, Twitter овозможува да се обратите на широката публика преку хаштаг, линкови или ретвитови.
Twitter International Company, One Cumberland Place, Fenian Street Даблин 2, D02 AX07, Ирска е компанијата која ја нуди Twitter услугата.
Со секое повикување на една од поединечните страници на оваа интернет страница, со која управува ОПМ и на која е интегрирана Twitter компонентата (копчето Twitter), веб прелистувачот на Вашиот информациски систем автоматски се поттикнува да испрати приказ на соодветната компонента на Twitter. Преглед на сите Twitter копчиња може да најдете на https://about.twitter.com/de/resources/buttons. За време на овој технички процес, Twitter е информиран која веб страница сте ја посетиле.
Целта на интегрирање на компонентата на Twitter е реемитување на содржината на оваа веб страница се со цел да им овозможиме на нашите корисници да ја претстават оваа веб страница во дигиталниот свет и да го зголемат бројот на нашите посетители.
Ако сте најавени на Twitter, Twitter го открива секој повик на нашата веб страница од Ваша страна и времетраењето на Вашиот престој на нашата веб страница и која потстраница на нашата веб страница сте ја посетиле. Овие податоци се собираат преку Twitter компонентата и се поврзуваат со Вашата Twitter сметката. Ако кликнете на едно од копчињата на Твитер, интегрирано на нашата веб страница, Twitter ги поврзува тие податоци со Вашата лична сметка на Twitter и ги чува личните податоци.
Twitter добива информации преку компонентата Twitter дека сте ја посетилe нашата веб -страница, под услов да сте најавени на Twitter во моментот на повикување на нашата веб страница. Ова се случува без разлика дали сте кликнале на компонентата Твитер или не. Доколку не се согласувате со таквиот пренос на податоци на Twitter можете да го спречито тоа со одјавување од Вашиот профил на Твитер пред да се најавите на нашата веб страница.
Одредбите за заштити на личните податоци на Twitter се достапни на следниот линк https://twitter.com/privacy?lang=en.
- Одредби за заштита на податоците за користење на Instagram
На нашата веб страница е интегрирана компонентата на Instagram. Instagram е услуга која може да се опише како аудиовизуална платформа, која на корисниците им овозможува споделување на фотографии и видеозаписи, како и ширење на таквите податоци на другите друштвени мрежи.
Facebook Ireland Ltd., 4 Grand Canal Square, Grand Canal Harbour, Даблин 2 Ирска е контролор на личните податоци кои се обработуваат преку Инстаграм.
Секогаш кога ќе ја посетите нашата веб страница, на која е интегрирана компонентата Instagram (копчето Instagram), веб пребарувачот на информацискиот систем на корисникот, автоматски бара да преземе приказ од соодветната Instagram компонента. Во текот на оваа техничка постапка, Instagram знае која веб страница сте ја посетиле.
Доколку истовремено сте пријавени на Instagram, Instagram ги детектира сите посети на нашата веб страница од Ваша страна и севкупното време поминато на нашата веб страница. Тие податоци се собираат преку Instagram компонентата и се поврзуваат со Вашиот Instagram профил. Ако кликнете на Instagram копчето кое е интегрирано на нашата веб страница, Instagram ги поврзува овие податоци со Вашиот личен Instagram кориснички профил и ги зачувува личните податоци.
Instagram прима информации преку компонентата Instagram дека сте ја посетиле нашата веб страница под услов истовремено да сте пријавен на Instagram за време на посетата на нашата веб страница. Тоа се случува независно од тоа дали сте кликнале на Instagram копчето или не. Доколку не сакате овие информации да се пренесуваат на Instagram, одјавете се од Instagram профилот пред да ја посетите нашата веб страница.
Дополнителни информации и важечки одредби за заштита на личните податоци на Instagram можат да се најдат на следните линкови:
https://help.instagram.com/155833707900388 и https://www.instagram.com/about/legal/privacy/.
- Одредби за заштита на податоците за користење на Google Analytics
На оваа веб страница, ОПМ ја интегрираше компонентата Google Analytics. Google Analytics е услуга за веб анализа – собирање и анализа на податоците за однесувањето на посетителите на веб страниците. Меѓу другото, се собираат информации за веб страницата од која потекнува посетителот (т.н. Referrer), како и колку често и колку долго трае посетата на веб страницата. Веб анализата главно се користи за оптимизирање на веб страницата.
Компанијата што ја обезбедува компонентата Google Analytics е Google Ireland Limited, Gordon House, Barrow Street, Даблин, D04 E5W5, Ирска.
Google Analytics поставува колаче на информацискиот систем на субјектот. Дефиницијата за колачиња е објаснета погоре како и во Политиката за колачиња достапна на https://opm.org.mk/politika-za-kolachina-na-organizatsijata-na-potroshuvachite-na-makedonija-opm/. Со поставување колаче, Google може да ја анализира употребата на нашата веб страница. Колачето се користи за собирање и чување на лични податоци, како што се времето на пристап, местото од каде се пристапува и зачестеноста на посетите на нашата веб страница од страна на субјектот. Со секоја посета на нашата веб страница, ваквите лични податоци, вклучително и IP-адресата што ја користи субјектот за пристап до Интернет, ќе бидат пренесени на Google во САД и зачувани од Google во САД. Google може да ги пренесе овие лични податоци на трети лица.
Во секое време можете да спречите поставување на колачиња преку нашата веб страница со соодветно прилагодување на веб прелистувачот и со тоа трајно да забраните поставување на колачиња. Ваквото прилагодување на веб прелистувачот исто така би спречило Google Analytics да поставува колачиња на Вашиот информациски систем. Покрај тоа, колачињата што веќе ги користи Google Analytics може да се избришат во секое време преку веб прелистувач или други софтверски програми.
Воедно, можете да преземете и инсталирате додаток на веб прелистувачот на https://tools.google.com/dlpage/gaoptout. Овој додаток на веб прелистувачот му кажува на Google Analytics преку JavaScript да не се пренесуваат какви било податоци и информации за Вашите посети на веб страници. Инсталирањето додатоци на прелистувачот се смета за приговор кон Google. Ако Вашиот информациски систем подоцна е избришан, форматиран или повторно инсталиран, мора повторно да ги инсталирате додатоците на веб прелистувачот за да го оневозможи Google Analytics. Ако додатокот на веб прелистувачот е деинсталиран или оневозможен, можно е повторно да се инсталира или активира.
Дополнителни информации и важечки одредби за заштита на податоците од Google може да се преземат на:
https://policies.google.com/privacy?hl=en и
https://marketingplatform.google.com/about/analytics/terms/us/.
Google Analytics е дополнително објаснет на следниот линк:
https://marketingplatform.google.com/about/analytics/.
- Правна основа за обработка (категории на лични податоци и цел на обработката на личните податоци)
Нашата веб страница собира лични податоци исклучиво од субјектите.
Посетителот има можност да поднесе поплака преку електронскиот систем на поплаки достапен на нашата веб страница.
Личните податоци внесени од посетителот се собираат и чуваат за цели на остварување на потрошувачки права, односно заштита на потрошувачите во остварувањето на нивните основни права.
Согласноста, согласно член 10 став (1) алинеја 1 од ЗЗЛП е правна основа за обработка на личните податоци преку нашата веб страница во делот „Електронски систем за поплаки“ и „Контакт“.
Кои личните податоци ги обработуваме на нашата веб страница:
Во делот Контакт
Доколку сакате да не контактирате и да ни поставите прашања или да ни дадете предлози потребно е согласно членот 10 став (1) алинеја 1 од ЗЗЛП да ни дадете согласност за обработка на Вашето име и презиме и е-маил адреса.
Во делот Електронски систем за поплаки
ОПМ обработува лични податоци за потрошувачите, а во врска со остварувањето на нивните основни права. За цели на евидентирање на поплаките од потрошувачите во остварувањето на нивните основни права ние ги собираме и обработуваме следните категории на лични податоци:
- име и презиме,
- е-маил адреса,
- контакт телефон
- град
- компанија
Како незадолжителни лични податоци се собираат и обработуваат:
- пол (заради персонализација и да знаеме како да Ви се обраќаме)
- да се прикачи релевантен документ (фискална сметка, фактура, договор или друго)
Овие податоци ги обработуваме само врз основа на претходна согласност на субјектот, согласно членот 10 став (1) алинеја 1 од ЗЗЛП.
- Периодот во кој ќе се чуваат личните податоци
Личните податоци доставени преку формата за контакт се чуваат најдолго две (2) години од денот на доставување на пораката до ОПМ.
Личните податоци кои се обработуваат за цели на електронскиот систем на поплаки се чуваат најдолго две (2) година од денот на доставување на пораката до ОПМ.
- Постоење на автоматско донесување на поединечни одлуки
ОПМ не користи автоматско донесување поединечни одлуки и профилирање.
- Постоење на право на поднесување барање до Агенција за заштита на личните податоци
Доколку сметате дека личните податоци не ги обработуваме согласно ЗЗЛП можете да се обратите до:
Агенција за заштита на личните податоци
бул. „Гоце Делчев“ бр. 18 Скопје
[1] „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 42/20 и 294/21.