Пријави проблем за производи и услуги
Оваа алатка е направена и наменета за користење од ваша страна, со цел да ги претставите своите проблеми кои евентуално ги имате со трговците, со цел да ви помогнеме да ги решите. Организацијата на потрошувачите на Македонија ќе интервенира до надлежните инспекциски органи и регулаторните тела, а во случај на потреба од надомест на штета ќе ви помогне вашиот проблем да го решите по судски пат.
Во случај да се пријават поголем број оштетени потрошувачи од еден ист трговец или давател на услуги со ист или сличен проблем ќе биде потребно да се поведе судска постапка со ваша согласност за ваше обештетување. ОПМ е спремна да помогне при поведување на оваа постапка.
Ве молиме да ја користите оваа алатка со цел заеднички да помогнеме на голем број потрошувачи со спречување на одредено однесување на трговецот или давателот на услугата.
Доколку сме побројни и нашите права ќе бидат подобро заштитени!
Пријави проблем за финансиски услуги
Оваа алатка е направена и наменета за користење од ваша страна, со цел да ги претставите своите проблеми кои евентуално ги имате со давателите на финансиски услуги: банките, штедилниците, финансиските друштва, давателите на финансиски лизинг и осигурителните компании.
Доколку сте биле оштетени од некој од наведените даватели на финансиски услуги, преку оваа онлајн алатка можете својот проблем да го пријавите до Организација на потрошувачите на Македонија (ОПМ), а ние ќе се обидеме да го решиме по институционален пат. Надлежните институции кои ќе ги контактираме за одделните даватели на финансиски услуги, а кои имаат овластувања да вршат надзор над нивната работа се: Народна банка на Република Северна Македонија-НБРСМ (банките и штедилниците), Министерство за финансии (финансиски друштва – брзи кредити и финансиски лизинг), Агенција за супервизија за осигурување-АСО (друштва за осигурување, осигурително брокерски друштва, друштва за застапување во осигурување) и Државен пазарен инспекторат-ДПИ (измамни реклами на финансиски производи и услуги за сите финансиски институции).
Во случај да се пријават поголем број оштетени потрошувачи од еден ист давател на финансиски услуги со ист или сличен проблем ќе биде потребно да се поведе судска постапка со ваша согласност за ваше обештетување. ОПМ е спремна да помогне при поведување на оваа постапка.
Ве молиме да ја користите оваа алатка со цел заеднички да помогнеме на голем број потрошувачи со спречување на одредено однесување на давателот на финансиска услуга. Доколку сме побројни и нашите права ќе бидат подобро заштитени!