Home / Consumers4Sustainability / Работилница – Скопје

Работилница – Скопје

Oрганизација на потрошувачите на Македонија на ден 19.09.2022 година во хотел Солун -Скопје, одржа работилница за формирање на Совети за заштита на потрошувачите на локално ниво и носење на програми за заштита на потрошувачи, со вклучена одржлива потрошувачка и родова перспектива.
На работилницата која се одржа во рамки на проектот „Потрошувачите За одржливост – институционализирање на дијалогот за локалните политики и услугите на граѓанското општество кон општините и бизнисот“, присуствуваа претставници од општина Аеродром, општина Центар, oпштина Ѓорче Петров,претставници на Советот на потрошувачи на Владата на РСМ, претставници од Министерството за економија, претставници од Град Скопје, инспекциски органи и други релевантни институции.
Претставници од ОПМ, преку презентации ги запознаа присутните со целите на проектот, правната регулативи за заштита на потрошувачите и политиките на ЕУ, како и потребата од формирање на локални Совети за заштита на потрошувачи.