На ден 30.11.2021 год. во Хотелот Ројал вју во Охрид се одржа работилница во рамките на проектот „Потрошувачите за одржливост – институционализирање на дијалогот за локалните политики и услугите на граѓанското општество кон општините и бизнисот“ финансиран од Европската унија кој спроведува активности со цел развивање на дијалог за партнерски услуги меѓу локалните власти, граѓанското општество и локалните компании кои промовираат заштита на потрошувачите и одржлива потрошувачка.
На работилницата присуствуваа дваесет учесници и тоа: претставници на локалната смоуправа, јавните претпријатија, инспекциски служби, бизнис секторот и граѓански здруженија.
Особено значајно е што претставниците на Општина Охрид се спремни да преземат иницијатива за што поскоро формирање на Совет на потрошувачи на општина Охрид со цел да се донесе и Програма и да се предвидат финансиски средства за нејзина реализација.
Во рамки на работилницата остварена е средба со претседателот на Совет на Општина Охрид, секретарот на општина Охрид, претседателот на ОПО г-дин Вангел Спировски и претседателката на ОПМ, Д-р Маријана Лончар Велкова. На средбата е покрената иницијатива за формирање на Совет за заштита на потрошувачи на Општина Охрид и договорена е поддршка за изготвување на Програма за заштита на потрошувачите