Home / Consumers4Sustainability / РАБОТИЛНИЦА ЗА ОСНОВАЊЕ НА ЛОКАЛНИ СОВЕТИ ЗА ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ–Охрид

РАБОТИЛНИЦА ЗА ОСНОВАЊЕ НА ЛОКАЛНИ СОВЕТИ ЗА ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ–Охрид

На ден 30.11.2021 год. во Хотелот Ројал вју во Охрид се одржа работилница во рамките на проектот „Потрошувачите за одржливост – институционализирање на дијалогот за локалните политики и услугите на граѓанското општество кон општините и бизнисот“ финансиран од Европската унија кој спроведува активности со цел развивање на дијалог за партнерски услуги меѓу локалните власти, граѓанското општество и локалните компании кои промовираат заштита на потрошувачите и одржлива потрошувачка.

На работилницата присуствуваа дваесет учесници и тоа: претставници на локалната смоуправа, јавните претпријатија, инспекциски служби,  бизнис секторот и граѓански здруженија.

Особено значајно е што претставниците на Општина Охрид се спремни да преземат иницијатива за што поскоро формирање на Совет на потрошувачи на општина Охрид со цел да се донесе и Програма и да се предвидат финансиски средства за нејзина реализација.

Во рамки на работилницата остварена е средба со претседателот на Совет на Општина Охрид, секретарот на општина Охрид, претседателот на ОПО г-дин Вангел Спировски  и претседателката на ОПМ, Д-р  Маријана Лончар Велкова. На средбата е покрената иницијатива за формирање на Совет за заштита на потрошувачи на Општина Охрид и договорена е поддршка за изготвување на Програма за заштита на потрошувачите

x

Check Also

Брошура: Клима уреди со инвертер