Home / Новости / Активности / Настани и промоции / Работилница за учество на граѓаните во реформите на политиките за вода

Работилница за учество на граѓаните во реформите на политиките за вода

Во рамки на проектот „Граѓаните активен партнер во реформите на политиките за вода“, денеска во Скопје продолжува дводневната работилница „Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации и нивните капацитети во областа на потрошувачките права и обврски во процесите на креирање на водните политики и реформите на законската регулатива која ги третира водните политики“.

Работилницата, организирана од ЦЕД „Флорозон“ и Организација на потрошувачи, е продолжение на низата работилници кои претходно ја воведоа целната група во законската регулатива во однос на водните политики, начинот на формирање на цената на чинење и реформите на законската регулатива која ги третира водните политики.

Целта работилницата е да се зајакнат капацитетите на граѓанските организации во доменот на потрошувачките права и обврски и со тоа да се обезбеди потребни знаења и вештини за квалификувано учество при изразување на своите ставови и барања пред надлежните институции.

На работилницата учествуваат претставници од граѓанскиот сектор од сите осум плански региони во Македонија кои беа предходно таргетирани и изразија интерес за учество во овој проект, како и претставници на клучни чинители во оваа област.

Проектот „Граѓаните активен партнер во реформите на политиките за вода“ има за цел да обезбеди компетентно застапување на интересите на граѓаните во однос на прашањата поврзани со водните ресурси, нивната експлоатација и конечно формирање на цена на чинење.

Целта е и да се формира неформална хидро мрежа чија аспирација е да ги застапува правата на заедницата пред надлежните органи кои се дирекни чинители на водните политики и реформите во секторот води вклучително и конечното формирање на цената на водата која ја плаќаат потрошувачите и правните субјекти.

Проектот е финансиран од страна на ЕУ преку Секторот за централно финансирање и склучување на договори (ЦФЦД).