Home / Новости / Активности / Настани и промоции / Регионално партнерство за подобри комунални услуги

Регионално партнерство за подобри комунални услуги

Целта на конференцијата беше да се промовира регионалната соработка за подобри комунални услуги и да се презентираат резултатите постигнати во периодот од 2013 до 2016 година. На конференцијата присуствуваа претставници од општините, јавните претпријатија, општински здруженија, здруженија на потрошувачи, носителите на политики и други релевантни партнери со цел да дискутираат и да ги увидат резултатите постигнати во периодот 2013-2016, како и заеднички да се размислува за регионално партнерство за подобрување на комуналните услуги. На конференцијата, исто така,се отвори можност за размена, дијалог и вмрежување.