Home / Информативни материјали / Брошури / Права на потрошувачите / Топ 10 начини како да бидете безбедни онлајн како потрошувач

Топ 10 начини како да бидете безбедни онлајн како потрошувач

Организацијата на потрошувачите на Македонија во соработка со Министерството за економија, во рамки на Програмата за заштита на потрошувачите за 2017-та година изработи брошура со назив: „Топ 10 начини како да бидете безбедни онлајн како потрошувач“.

Оваа брошура нуди совети за безбедно купување на производи и услуги преку интернет. Потрошувачите во изминатиот период сè повеќе ги користат услугите на интернет продавнциите лоцирани во Р. Македонија и во странство. За тие да можат безгрижно да продолжат да ги користат овие услуги, препорачуваме да се водат по овие совети, кои им помагаат на потрошувачите да купуваат преку интернет и да бидат сигурни дека нивните лични податоци се сигурни, дека плаќањето е безбедно и сл.

Брошурите се достапни на македонски и албански јазик.