Организацијата на потрошувачите на Македонија со подршка од Фондот „Anne Fransen“ разви веб страна со назив „Знаете ли што јадете? Совети за правилна исхрана“, мобилна апликација и брошура со ист назив.
Информирајте се како да правите правилни избори во врска со вашата исхрана и прехранбените производи кои ги купувате. Оваа брошура содржи практични совети и алатки за правилен избор на прехранбени производи, кои може да ви помогнат за зачувување на сопственото здравје и здравјето на вашите најблиски.