Организацијата на потрошувачите на Македонија го одбележи 15 март Светскиот ден на потрошувачите. На настанот поздравно обраќање имаа г-ѓа Елизабета Георгиева, претставник на Делегацијата на Европска унија, г-ѓа Нериман Џеладини, Раководител за внатрешен пазар во Министерството за економија, и Д-р Маријана Лончар Велкова, Претседател на ОПМ, која во воведното обраќање се осврна на реализираните активности и проекти, спроведени од страна на ОПМ во изминатата 2021 година.
На настанот со кратки излагања беа презентирани целите и активностите на два тековни проекти на ОПМ, Потрошувачите ЗА одржливост – Институционализирање на дијалогот за локалните политики и услугите на граѓанското општество кон општините и бизнисот и CLEAR-X – Потрошувачите го предводат одговорот за развојот на енергетската амбиција на ЕУ. Во рамките на панел дискусијата се зборуваше за енергетската ефикасност, енергетската сиромаштија и можностите кои им се нудат на располагање на владините институции и граѓанските оеганизации.