Home / Новости / Активности / 15 Март – Светски ден за правата на потрошувачите

15 Март – Светски ден за правата на потрошувачите

Потрошувачките организации ширум светот на овој ден го прославуваат меѓународното движење на потрошувачите.

Овој ден, добива големо значење уште од времето на бившиот претседател на САД, Џон Кенеди, во чие време биле прогласени основните четири потрошувачки права.  Во 1985 година, Обединетите нации ги унапредуваат насоките за заштита на потрошувачите, според кои сите граѓани, независно од нивните приходи и социјален статус ги имаат следните потрошувачки права:
1. Правото на задоволување на основните потреби;
2. Правото на безбедност на производите и услугите;
3. Правото на информираност;
4. Правото на избор;
5. Правото да бидат земени во предвид интересите на граѓаните при креирањето и спроведувањето на политиката на Владата;
6. Правото на надомест на штета;
7. Правото на образование на потрошувачите;
8. Правото да се живее во здрава животна средина;

Темата на годинешниот ден на потрошувачи е дигиталниот пазар со посебен акцент на  “смарт” уредите на кои може да им веруваме. Овие уреди го направија секојдневното функционирање поедноставно и го унапредија светот во кој живееме, меѓутоа исто така предизвикаа глобални пореметувања проследени со голем број несакани настани. Нешто повеќе за овие уреди ќе можете да прочитате во нашиот нов потрошувачки е-Магазин ЗИП, во кој ќе бидат опфатени повеќе сфери од потрошувачкото право.
Нашата организација на сите потрошувачи им го честита овој значаен ден со новиот магазин кој ќе биде достапен во текот на денот.