Организацијата на потрошувачите на Македонија согласно Договорот за реализацијата на Програмата (проект) на здруженијата на граѓани склучен помеѓу ОПМ и Министерството за економија, во месец Јуни организираше три регионални семинари во: Кочани (09 јуни 2011 г.), Гостивар (20.јуни 2011г.) и Охрид (29 јуни 2011 г.). Целта на одржувањето на семинарите беше имплементација на Правилникот за детски играчки заради пласман на детски играчки кои не ја за грозуваат безбедноста и здравјето на децата.
На семинарите беа поканети претставници од: Министерството за здравство, Државен санитарен и здравствен инспекторат, Институтот за јавно здравје, Државен пазарен инспекторат, Агенцијата за храна и ветеринарство, бизнис заедницата, стопанските комори, граѓански организации и Организацијата на потрошувачите на Македонија.