На ден 28.09.2021 година во хотел Милениум Битола и онлајн преку Zoom платформата, се одржа работна средба во рамките на проектот „Потрошувачите За одржливост – институционализирање на дијалогот за локалните политики и услугите на граѓанското општество кон општините и бизнисот” на која присуствуваа вкупно 18 претставници од: граѓански здруженија, локалната самоуправа, заинтересирани поединци, јавни комунални претпријатија и компании, од кои 7 — мина беа присутни во хотел Милениум , а 11-мина беа најавени преку Zoom платформата.
На работната средба, имаше воведно претставување на анализата на анкетните прашалници на јавните комунални претпријатија и компаниите кои беа опфатени со ова истражување.
Анкетата покажа дека 75% од анкетираните јавни претпријатија се подготвени да учествуваат во совет за заштита на потрошувачите, со цел полесно согледување на проблемите на корисниците, нивно поефикасно решавање и со тоа поголемо задоволство на потрошувачите при користење на нивните услуги.
Истовремено, се разви дискусија која го опфати работењето на јавните комунални претпријатија и компаниите, најмногу од аспект на нивниот однос кон потрошувачите.