Home / Новости / Известувања / Системи за вештачка интелигенција

Системи за вештачка интелигенција

Генеративните системи за вештачка интелигенција започнаа во голема мера да бидат користени од потрошувачите во Европа и пошироко. На пример, чет-ботите (водење виртуелен онлајн разговор) се повеќе се инкорпорираат во производите и услугите од страна на бизнисите. Иако овие системи потенцијално можат да го подобрат животот на потрошувачите, ние сме загрижени за сериозните негативни страни и штети што може да ги предизвикаат за потрошувачите.

Норвешкиот совет за потрошувачи, објави извештај за генеративната вештачка интелигенција. Извештајот ги анализира главните ризици од употребата на оваа технологија за потрошувачите, вклучувајќи ги ризиците и предизвиците поврзани со моќта и транспарентноста, погрешниот или неточен резултат, манипулацијата, пристрасноста и дискриминацијата, приватноста, безбедносните пропусти, автоматизацијата на човечките задачи и влијанието врз животната средина. Извештајот има за цел да им обезбеди на креаторите на политиките, законодавците, извршните власти и другите релевантни субјекти, силна појдовна точка за да се осигура дека генеративната вештачка интелигенција нема да влијае на потрошувачките и човековите права.