Светскиот ден на правата на потрошувачите – 15 март, оваа година е во насока на одржливата потрошувачка, како да живееме поодржливо и полесно. Меѓународната организација на потрошувачите – Consumers’ International ги повика организациите на потрошувачите, нејзини членови да ги поттикнат потрошувачите да направат праведна транзиција кон поодржлив начин на живот.
Светската потрошувачка организација (Consumers International), оваа година во рамки на 15 март – Светскиот ден на правата на потрошувачите повика на Правична транзиција кон одржлив начин на живеење, преку подигање на свеста за значењето на одржливоста поврзано со значењето на Целите за одржливиот развој . Транзицијата кон поодржлив начин на живеење и за луѓето и за планетата е значајно и целта мора да биде праведна транзиција кон поодржлив начин на живот кој ги задоволува легитимните потреби на потрошувачите кое вклучува пристап до основните добра како што се храна и енергија и заштита на здравјето и безбедноста на луѓето, понатаму да се направат поодржливи и здрави избори достапни за сите. Наместо да се остави одговорноста за поодржливиот избор да биде само на потрошувачите, да се осигура дека барањата на потрошувачите се слушнати на сите нивоа на власта и во бизнисот, со посебен фокус на заштита на ранливите потрошувачи и оние со ниски примања… повеќе