Home / Сертификати / СЕТЕК Се од Техника се стекна со сертификатот “ФЕР со потрошувачот”

СЕТЕК Се од Техника се стекна со сертификатот “ФЕР со потрошувачот”

На ден 26.10.2021 година, компанијата СЕТЕК Се од Техника се стекна со сертификат “ ФЕР со потрошувачот ”, кој го доделува Организацијата на потрошувачите на Македонија врз доброволна основа.

Доделувањето на сертификатот претставува потврда дека СЕТЕК Се од Техника е компанија ориентирана во сите области на делувањето. Придобивањето и задржувањето на потрошувачите се приоритети на нашата компанија и зголемување на довербата кај потрошувачите.

Сертификатот “ ФЕР со потрошувачот ” се доделува заради исполнетоста на критериумите во шест одделни области кои се битни за потрошувачите, а кои се однесуваат на : заштита на безбедноста и здравјето на потрошувачите, примена на фер пазарни практики при информирање, рекламирање, означување и склучување договори со потрошувачите, техничка поддршка и решавање поплаки и спорови, заштита на личните податоци на потрошувачите и нивната приватност, едукација и свесност на потрошувачите како и совесна и одржлива потрошувачка за правилен избор при купување на производи и нудење на услуги.

Пристапувањето на СЕТЕК Се од Техника кон процесот на сертификација значи дека компанијата во сите наведени области ги исполнила условите и се стекна со сертификатот-ФЕР со потрошувачот. Со сертификатот се верификува обврзноста на СЕТЕК Се од Техника да негува примерен однос кон потрошувачите, а со тоа да придонесе и зголемување на довербата и задоволството кај потрошувачите. СЕТЕК Се од Техника претставува сертифицирана компанија која ќе биде објавена на web страната ФЕР со потрошувачот за сертифицирани компании”.

извор: set.mk