почетна / Новости / Активности / Алтернативно решавање на потрошувачките спорови

Алтернативно решавање на потрошувачките спорови

Во рамки на Програмата за заштита на потрошувачите на Владата на Република Северна Македонија, која ја спроведува ОПМ, во соработка со Министерството за економија на 22.10.2021 година беше организирана работна средба на која се зборуваше за спроведување на европското законодавство во домен на алтернативното решавање на спорови (АРС). На средбата учествуваа двајца експерти од Федералното Министерство за социјални работи, здравствена заштита и заштита на потрошувачите: Г-ѓа Тамара Габриел и г-дин Симон Едер, a своја поддршка даде и г-дин Харалд Фугер.

Експертите од Австрија ги пренесоа практичните искуства за алтернативно решавање на спорови помеѓу компании и потрошувачи во Австрија, во поглед на законската рамка и телата за АРС, што претставува голема поддршка во понатамошното усогласување на националното законодавство со правна регулатива на ЕУ за што зборуваше проф. д-р Јадранка Дабовиќ Анастасовска.

x

Може да ве интересира

За новите енергетски етикети

Со воведувањето на новите регулативи на Европската Унија се направени големи промени ...