Организацијата на потрошувачите на Македонија во соработка со Советот за заштита на потрошувачите на Град Скопје, во рамки на програмата за заштита на потрошувачите на Град Скопје за 2017-та година, изработи леток „Е-отпад – Отпадна електрична и електронска опрема“. Со овој лекот имаме за цел да ги информираме граѓаните за начините на рециклирање и одлаѓање на овој вид на отпад.
„Отпадна електрична и електронска опрема” (е-отпад) e отпад од електрична и електронска опрема вклучувајќи ги сите составни делови, потсклопови и потрошни делови и материјали кои се дел од производот во моментот на исфрлање.
“Електрична и електронска опрема” е опрема чијашто правилна работа зависи од електричната струја или електромагнетските полиња, како и опрема што е наменета за производство, пренос и мерење на тие струи или полиња и наменета е за употреба под напон кој не е поголем од 1.000 волти за наизменична струја и 1.500 волти за еднонасочна струја.