Home / Информативни материјали / Брошури / Енергетска ефикасност / Налепница за означување на електричните апарати наменети за домаќинствата

Налепница за означување на електричните апарати наменети за домаќинствата

Организацијата на потрошувачите на Македонија во соработка со Советот за заштита на потрошувачите на Град Скопје, во рамки на програмата за заштита на потрошувачите на Град Скопје за 2017-та година, изработи леток „Налепница за означување на електричните апарати наменети за домаќинствата“. Со овој лекот имаме за цел да ги информираме граѓаните за важноста на налепницата за енергетска ефикасност.

Налепниците за означување овозможуваат точни, препознатливи и споредливи информации за електричните апарати во поглед на енергетската потрошувачка, перформанси и други основни карактеристики како што се потрошувачката на вода, потеклото на производот, нивото на бучава итн.

Налепницата за означување на производи во определена категорија е иста, со цел да се врши споредба меѓу нивните карактеристики, како потрошувачка на енергија или вода, моќност и др.