Европскиот закон за пристапност (European Accessibility Act – EАА) е директива на ЕУ со која се воспоставуваат заеднички барања за пристапност до низа производи и услуги низ целата вропска Унија. Неговата цел е да им овозможи на потрошувачите со попреченост да имаат подеднаков пристап и подеднаква можност да користат производи и услуги како и сите останати.
Директивата е усвоена во 2019 година, а се однесува на економските оператори вклучувајќи ги производителите, увозниците, давателите на услуги и дистрибутерите на Единствениот пазар на ЕУ. Усогласеноста станува задолжителна од 28 јуни 2025 година.
