ФОКУС ГРУПА – Кочани – 21.10.2021г
Во поглед на соработката со Општина Кочани и локалните јавни претпријатија Организација на потрошувачите на Кочани, во рамките на проектот „Потрошувачите За одржливост – институционализирање на дијалогот за локалните политики и услугите на граѓанското општество кон општините и бизнисот” одржа фокус групна на 21.10.2021г во Хотелот Аледар во Кочани на кој беше разговарано за подобрување на услугите на јавните претпријатија. На фокус групата присуствуваше и претставник од Организацијата на потрошувачите на Македонија.
На фокус групата беше презентирана анкетата за задоволство на корисниците од јавните услуги, како и заклучоците од спроведените анкети направени со јавните претпријатија и бизнис секторот во Кочани. Истражувањето покажа дека пропусти во функционирањето има но дека и јавните претпријатија и бизнис секторот во Кочани се спремни да го подобрад своето работење во поглед на потрошувачите како и да учествуваат во Советот за заштита на потрошувачи.