Организацијата на потрошувачите на Македонија, денес одржа Фокус група организирана во рамки на Проектот “Развој на партнерства помеѓу граѓанското општество и бизнис секторот“ финансиран од страна на Шведската меѓународна агенција за развој и соработка (SIDA) и Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (BCSDN), а којшто се спроведува преку ConWeb што претставува мрежа на национални потрошувачки органиозации на Југоисточна Европа која ја сочинуваат Центар за заштита на потрошувачите на Црна Гора (CEZAP), Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) и Националната организација на потрошувачите на Србија (NOPS).
На Фокус групата која се одржа во Стопанска комора на Република Северна Македонија, присуствуваа околку 15 претставници на бизнис секторот, граѓански здруженија, претставници на Советотот за заштита на потрошувачи на Град Скопје, претставници на Стопанска комора на Северна Македонија, каде што покрај со физичкото присуство, дел од учесниците имаа можност да се вклучат и онлајн преку платформата Webex.
На Фокус групата свое излагање имаа д-р Ристо Иванов, експерт во областа којшто ги објасни начинот и чекорите за стекнување на Сертификатната марка „Фер со потрошувачот“, начинот на апликација на компаниите, критериумите коишто треба да ги исполни копманијата за да може да се здобие со сертификатот, беше објаснет Кодексот за фер однос кон потрошувачите, како и можноста за добивање на субвенции од Министерството на економија за сертифицираните компании. Претставници на Организацијата на потрошувачи на Македонија, претседателката, д-р Маријана Лончар Велкова, дипл. правник Татјана Тасевска и м-р Мартина Грнчаревска пред компаните ги презентираа проблемите со кои се соочуват потрошувачите и алтернативниот начин на решавање на споровите помеѓу потрошувачите и компаниите.
На фокус групата имаше можност да се споделат различни искуства од компаниите и Организациите на потрошувачи во делот на потрошувачките проблеми со цел да се изнајде најдобар начин за нивно решавање.